Прифатливи трошоци

Дома » Прифатливи трошоци
Прифатливи трошоци2018-11-07T00:31:20+00:00
 

Прифатливи инвестиции во рамки на оваа мерка се:

  1. Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот за земјоделско производство (како што се објекти за одгледување на добиток, складирање на храна, објеткти за размножување, оранжерии и / или стакленици и расадници иобјекти за пост-бербени активности), помошни објекти (како на пример, складови за чување на храна и сточна храна, силажа и амбари /силоси ), вклучувајќи ги и оние што се користат за сместување на земјоделските машини и опрема, заштита при работа на работниците во земјоделството, заштита на животната средина (на пример за ѓубриво и септички јами, складишта за биомаса, недвижен имот за вода/канализација/третман на течни ѓубрива, складишта за силажа, објекти за заштитни средства на растителното производство и складирање на  вештачки ѓубрива), како и потребната опрема;
  2. Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имотот кој се користи за пост-бербени активности, за преработка и маркетинг на земјоделски производи (како што се простории за пост-бербени активности, простории за ладење, пакување, калибрирање, производствeни простории, магацини и продажни пунктови) помошни објекти (на пример објекти за подготовка на суровина, магацини за жито и магацини за чување на готови производи) вклучувајќи ги и оние за заштита при работа и заштита на животната средина (на пример третман на отпад, магацини за биомаса и недвижен имот за вода /третман на отпадни води ) и потребната  опрема;
  3. Набавка на повеќегодишни растенија (со исклучок на семе), вклучувајќи овошни дрва, грмушки и трпезно грозје, маслинки, лозја, вклучително и придружни инсталации;
  4. Набавка и/или инсталирање на нови машини, земјоделска механизација и опрема/инструменти за подобрување на активностите за земјоделско производство на фармата;
  5. Набавка и/или инсталирање на нови машини и /или опрема за подобрување на стандардите на благосостојбата на животните (на пример обезбедување на дозволениот доволен простор, постојан пристап до свежа вода, исхрана, сместување и размножување, чистење на ѓубриво и одмор на отворен простор);
  6. Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема/алатки за пост-бербени активности, преработка и директен маркетинг на фарма, вклучувајќи ги оние за:
  • калибрација, собирање, складирање и ладење (вклучувајќи и манипулација);
  • преработка, пакување, ладење, замрзнување, сушење итн. и складирање (вклучувајќи и манипулација);
  • производство на нови производи, воведување на нови технологии и процеси и
  • подобрување и контрола на квалитетот и безбедноста на суровините и храната;
  1. Набавка и/или инсталирање на нови машини и/или опрема за заштита на животната средина (како на пример за енергетска ефикасност, контролирани климатски услови, справување и складирање на ѓубриво, отпад и третман на нус-производи и третман на вода), вклучувајќи и ублажување на последиците од климатските промени (како на пример заштитни покривки и сенки ) вклучувајќи и обезбедување на електрична енергија и/или греење со користење на обновливи ресурси за да се задоволат потребите на земјоделското стопанство
  2. Инвестиции во објекти за наводнување и опрема за санација/надградба на постоечката мрежа на фарма, како што се цевки, пумпни станици, резервоари, бунари, разни ситстеми за наводнување (на пример капка по капка, фертиригација, системи за наводнување со пареа и подземно наводнување) ;
  3. Набавка на специјализирани земјоделски транспортни приколки и возила, како што се земјоделски приколки, резервоари за млеко, транспортни разладни резервоари за превоз на производството, транспорт на живи животни и живина, специјализирана опрема за транспорт на арско ѓубриво и транспорт на биомаса и
  4. Инфраструктура на земјоделско стопанство, вклучувајќи изградба и реконструкција на патиштата и патеките на стопанството, инсталации за снабдување со електрична енергија, водоснабдување и канализациони системи, одводнување (дренажа), артески бунари, оградување, и други подобрувања на надворешниот простор од имотот на корисникот за задоволување на потребите на земјоделското стопанство.

Прифатливи трошоци во рамки на оваа мерка се:

  1. Материјални вложувања:
  • набавка на градежни материјали и елементи за изградба или реконструкција на згради и објекти;
  • набавка на нова земјоделска механизација, машини и опрема и
  • набавка на повеќегодишни растенија (освен хибриди).
  1. Нематеријални вложувања:
  • стекнување со патентни права и лиценци;
  • компјутерски софтвер вклучувајќи софтверски лиценци;
  • инсталација на опрема (со исклучок на сервис);
  • изградба / реконструкција (вклучувајќи технички надзор) и
  • услуги за садење и обновување на насади.
  1. Општи трошоци:
  • подготовка на техничка документација, градежни планови и придружни студии;
  • подготовка на технички предлог проект / деловен план, пресметка на трошоци, анализи, анализи на пазарот, маркетинг анализи;
  • подготовка на проценка на животната средина и
  • управување со проекти.
  1. Трошоци за специфични информативни и рекламни активности на ниво на проект, кои се во надлежност на корисниците:
  • билборди;
  • плакати и
  • налепници.

Општите трошоци како што се надоместоците за архитекти и инженери и консултанти, физибилити студии, стекнување на патентни права и лиценци не може да надминат 12% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата. Специфични пониски граници на поединечни ставки може да се утврдат во зависност од типот на инвестицијата.

Прифатливите трошоци треба да бидат утврдени и детално наведени во „Листа на прифатливи трошоци за мерка Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“  која се одобрува од страна на Европската комисија.

Правила за потекло на трошоците

Сите набавки реализирани со средства од оваа програма треба да потекнуваат од прифатлива земја и тоа:

  • земји членки на ЕУ, земји кандидати за ЕУ наведени во Анекс I на Регулативата (EУ) бр. 231/2014, договорни страни на Договорот за Европската економска област и партнерските земји опфатени со Европскиот инструмент за соседство (ЕНИ), и
  • земји за кои е воспоставен реципрочен пристап до надворешната помош од страна на Европската комисија во согласност со условите утврдени во точка (е) од член 9 (1) од Регулативата (EУ) бр. 236/2014.

Доколку износот на набавката е под 100.000 евра во денарска противредност  правилата за потекло не се применуваат.

Tрошоци кои не се прифатливи во рамки на оваа мерка:

– даноци, вклучувајќи данок на додадена вредност; освен неповратен данок на додадена вредност кога e товар на корисниците освен лицата кои не подлежат на оданочување согласно со прописите за данок на додадена вредност;

– царини и увозни давачки, или некои други давачки што имаат еднаков ефект;

– купување, изнајмување или закуп на земја и постојни објекти, независно од тоа дали закупот резултира пренесување на сопственоста на закупецот;

– парични казни, финансиски казни и трошоци од судски спорови, камата на долг;

– оперативни трошоци;

– користени машини и опрема;

– банкарски трошоци, трошоци за гаранции и слични давачки;

– трошоци за менување валута, давачки и загуби во размена поврзани со ИПАРД евро сметката, како и други чисто финансиски трошоци;

– придонеси во натура;

-купување на права за земјоделско производство,  набавка на животни, годишни растенија и нивно засадување;

– секое одржување, амортизирање и трошоци за наем и

-секој трошок настанат од јавната администрација во управување и спроведување на помошта, имено оние на управувачката и оперативната структура и, особено, режиски трошоци, наеми и плати на персоналот ангажиран за активности на управување, спроведување, мониторинг и контрола.

Следните инвестиции во рамки на оваа мерка се прифатливи:

  1. Конструкција или реконструкција на згради и друг недвижен имот кој се користи за преработка и маркетинг на земјоделски производи (како на пример згради за производство, складишта и откупни и дистрибутивни центри), помошни простории (како на пример, лаборатории кои се потребни за подготовка на суровинскиот материјал на претпријатието, силоси, магацини за зрнест материјал и магацини за готови производи), вклучувајќи ги оние кои се користат за безбедност при работа и за заштита на животна средина (на пример за третман на отпад, магацини за биомаса и недвижен имот за третман на вода/отпадни води ) и потребната опрема;
  2. Купување и/или инсталација на нови машини и опрема/инструменти за:
  • ­сортирање, прибирање, складирање и разладување на собирните места;
  • преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење и тн. и магационирање (вклучувајќи манипулација);
  • производство на нови производи, воведување на нови технологии и процеси;
  • заштита на животната средина;
  • производство на енергија од обновливи извори на енергија и
  • подобрување и контрола на квалитетот и сигурноста на суровинските материјали и храна;
  1. Купување на специјални транспортни резервоари и приколки за транспорт на суровински материјал како што се: цистерни за млеко на големо, приколки за разладување на производството кое се транспортира, транспортна опрема за биомаса, вклучувајќи и транспорт на живи животни;
  2. Купување и/или инсталирање нови машини и/или опрема, за подобрување на стандардите за благосостојба на животните (како на пример за редовен пристап до свежа вода, храна и сместување на животните пред колење и чистење на природно ѓубриво) ;
  3. Купување и/или инсталирање нови машини и/или опрема за заштита на животната средина (енергетска ефикасност, контролирани климатски услови, третман на отпад и нус-производи и валоризација, третман на вода/отпадни води, преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија ), вклучувајќи и за електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија и
  4. Инфраструктура на имотот на претпријатието, вклучувајќи изградба и реконструкција на патишта за внатрешно поврзување, инсталации за електрична енергија, снабдување со вода, систем за отпадни води, пумпни станици, артерски бунари, за да се исполнат потребите за преработка и маркетинг активностите.

Прифатливи трошоци во рамки на оваа мерка се:

(а) Материјални вложувања

  • купување на материјал за градба и елементи за изградба или реконструкција на згради и објекти и
  • купување нови машини и опрема.

(б) Нематеријални вложувања

  • постигнување согласност со меѓународно признаени стандарди како што се:
    • воведување на системи за управување во претпријатијата (на пример – ISO 9000:2005; ISO 9001:2000; ISO 14001:2004 (EMAS); ISO 900; ISO/ТR 10013:2001; ISO 19011:2002; ISO 27001, вклучувајќи информациски технологии -базирани системи;
    • подготовка за сертификација под НАССР (Анализа на опасност на критични контролни точки);
    • исполнување на Добра производна пракса (ДПП) во претпријатијата.
  • добивање на права за патенти и лиценци;
  • компјутерски софтвер, заедно со лиценца за софтверот;
  • инсталација на опрема (без сервисер) и
  • услуги за изградба/реконструкција (вклучувајќи технички надзор).

(в) Општи трошоци

  • подготовка на техничка документација, градежни планови и придружни студии;
  • подготовка на деловен план: пресметки на трошоци, анализи, анализи на пазарот, маркетинг анализи;
  • подготовка на оценка на животната средина и
  • управување со проекти

(г) Трошоци за специфични информативни и рекламни активности на ниво на проект, кои се под одговорност на корисниците

  • билборди;
  • плакати и
  • налепници

Општите трошоци како што се надоместоците за архитекти и инженери и консултанти, физибилити студии, стекнување на патентни права и лиценци не може да надминат 12% од вкупните прифатливи трошоци на инвестициите. Специфични пониски граници на поединечни ставки може да се утврдат во зависност од типот на инвестицијата.

Прифатливите трошоци треба да бидат утврдени и детално наведени во Листата на прифатливи трошоци за мерка „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ која се одобрува од страна на Европската комисија.

Правила за потекло на трошоците

Сите набавки реализирани со средства од оваа програма треба да потекнуваат од прифатлива земја.  Прифатливи земји се следните:

  • земји членки на ЕУ, земји кандидати за ЕУ наведени во Анекс I на Регулативата (EУ) бр. 231/2014, договорни страни на Договорот за Европската економска област и партнерските земји опфатени со Европскиот инструмент за соседство (ЕНИ) и
  • земји за кои е воспоставен реципрочен пристап до надворешната помош од страна на Европската комисија во согласност со условите утврдени во точка (е) од член 9 (1) од Регулативата (EУ) бр. 236/2014.

Доколку износот на набавката е под 100.000 евра во денарска противредност  правилата за потекло не се применуваат.

Tрошоци кои не се прифатливи во рамки на оваа мерка:

(а) даноци, вклучувајќи данок на додадена вредност; освен неповратен данок на додадена вредност кога е товар на корисниците освен лицата кои не подлежат на оданочување согласно прописите за  данок на додадена вредност ;

(б) царини и увозни давачки, или други некои  други давачки што имаат еднаков ефект;

(в) купување, изнајмување или закуп на земја и постојни објекти, независно од тоа дали закупот резултира пренесување на сопственоста на закупецот;

(г) парични казни, финансиски казни и трошоци од судски спорови; камата на долг;

(д) оперативни трошоци;

(ѓ) користени машини и опрема;

(ж) банкарски трошоци, трошоци за гаранции и слични давачки;

(ж) трошоци за менување валута, давачки и загуби во размена поврзани со ИПАРД евро сметката, како и други чисто финансиски трошоци;

(з) придонеси во натура;

(ѕ) купување на права за земјоделско производство, животни, годишни растенија и нивно засадување;

(к) секое одржување, амортизирање и трошоци за наем и

(ј) секој трошок настанат од јавната администрација во управување и спроведување на помошта, имено оние на управувачката и оперативната структура и, особено, режиски трошоци, наеми и плати на персоналот ангажиран за активности на управување, спроведување, мониторинг и контрола.

Снабдување со енергија и енергетската ефикасност:

  • изградба или рехабилитација и опремување на фабриките за обновливи извори на енергија и системи за јавна дистрибуција (био-горива, енергиј и топлина) од обновливите извори;
  • изградба или рехабилитација на инсталациите за обновливи извори на енергија за снабдување на објекти во општинска сопственост и/или згради кои се користат за обезбедување на услуги во заедницата (како и образование и здравство);
  • подобрување на локалните јавни дистрибутивни мрежи за снабдување со електрична/топлинска енергија во општинските населби и/или земјоделски области вклучувајќи ги и пасишта и
  • инвестиции за подобрување на енергетската ефикасност во општинските и другите објекти кои се користат за обезбедување на услуги во заедницата (како и образование и здравство).

Стопанисување со води:

  • изградба/реконструкција/рехабилитација на системот за водоснабдување, инсталации и поврзани објекти (на пример, прочистување, филтрација, итн) и
  • изградба/реконструкција/рехабилитација на канализацијата, инсталациите и поврзани објекти (на пример третирање на испуштањето на отпадни води).

Поддршка за инвестиции во собирање на отпадни води и нивно третирање за населби поголеми од 10.000 население не се прифатливи, бидејќи се поддржани од еколошките активности во рамките на ИПА II.

Стопанисување со отпад:

  • изградба/реконструкција на мала инфраструктура за стопанисување со отпад (на пример, депонии и/или точки за собирање на отпад, согласно со стандардите за животната средина) и
  • набавка и инсталација на опрема за собирање на отпад (на пример, контејнери, транспортни приколки и возила);

Обнова на село:

  • изградба и реконструкција на јавни зелени површини – паркови и градини, детски игралишта;
  • изградба и реконструкција на уличната мрежа, уличните тротоари, плоштади, пешачки површини, шеталишта, и друга потребна опрема;
  • реконструкција и реновирање на општински згради од локално културно, традиционално или природно значење и/или подобрување на области од локално културно, традиционално или природно значење и надворешни објекти, вклучувајќи уредување и потребна опрема;
  • реновирање на фасади на јавни објекти, надворешни објекти, вклучувајќи израмнување и уредување на надворешни површини (ако се интегрирани во просторниот план на населбата и/или според официјалните општински стандарди за архитектонски и градежен стил на ниво на општината или населбата) и
  • инвестиции во изградба на речните корита за контрола и справување со поплави во рамките на населбата, вклучувајќи инфраструктура за заштита од лизгање на земјиштето.

Патишта:

  • изградба/рехабилитација на постоечките општински патишта и мостови (на пример, патишта кои ги поврзуваат населбите со главните патишта, врски помеѓу населените места, јавни пристапни патишта до бизниси, фарми, туристички објекти, згради или надворешни области од локално културно, традиционално или прирорно значење, земјоделско земјиште и шуми )вклучувајќи и израмнување и уредување на околината и
  • изградба/реконструкција на земјоделската и шумската патна мрежа (вклучувајќи патеки за превенција на пожари).

Услуги:

  • изградба и реконструкција на локалната пазарна инфраструктура – земјоделски пазар, занаетчиски пазари, итн. и релевантни објекти и опрема;
  • воспоставување на нови или подобрување на постоечките центри за културни услуги (како што се културни центри, театри, кина, библиотеки);
  • воспоставување или подобрување на центри за рекреација, слободно време и спорт (вклучувајќи спортски центри, младинските центри, итн) и
  • воспоставување или подобрување на центри за социјални услуги – згрижување на деца (јасли, градинки), грижа за стари лица и лица со посебни потреби (како што се центри за дневна грижа), вклучувајќи и специјализиран превоз.

Прифатливи трошоци во рамки на оваа мерка се:

  • Материјални вложувања:
  • набавка на градежни материјали и елементи за изградба или реконструкција на објекти и инфраструктура;
  • набавка на механизација, машини и опрема и
  • набавка на повеќегодишни растенија.

(б)  Нематеријални  вложувања:

  • компјутерски софтвер вклучувајќи софтверска лиценца;
  • инсталација на опрема (со исклучок на сервисер);
  • услуги за изградба/реконструкција (вклучувајќи и технички надзор) и
  • услуги за садење и уредување на пејзаж.

(в)  Општи трошоци

  • подготовка на техничка документација, градежни планови и дополнителни студии;
  • подготовка на деловен план: пресметки на трошоци, анализи, пазарни анализи, маркетинг анализи;
  • подготовка на еколошка проценка и
  • управување со проекти.

(г)  Трошоци за конкретни информации и рекламни активности на ниво на проект, кои се одговорност на корисниците

  • билборди;
  • плакати и
  • налепници.

Прифатливите трошоци треба да бидат утврдени и детално наведени во Листата на прифатливи трошоци за мерка „Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“  која се одобрува од страна на Европската комисија.

Правила за потекло на трошоците

Сите набавки реализирани со средства од оваа програма треба да потекнуваат од прифатлива земја.  Прифатливи земји се следните:

  • земји членки на ЕУ, земји кандидати за ЕУ наведени во Анекс I на Регулативата (EУ) бр. 231/2014, договорни страни на Договорот за Европската економска област и партнерските земји опфатени со Европскиот инструмент за соседство (ЕНИ), и
  • земји за кои е воспоставен реципрочен пристап до надворешната помош од страна на Европската комисија во согласност со условите утврдени во точка (е) од член 9 (1) од Регулативата (EУ) бр 236/2014.

Доколку износот на набавката е под 100.000 евра во денарска противредност  правилата за потекло не се применуваат.

Tрошоци кои не се прифатливи во рамки на оваа мерка:

(а) даноци, вклучувајќи данок на додадена вредност; освен неповратен данок на додадена врдност кога е товар на корисниците освен лицата кои не подлежат на оданочување согласно  прописите за  данок на додена вредност ;

(б) царини и увозни давачки, или некои други давачки што имаат еднаков ефект;

(в) купување, изнајмување или закуп на земја и постојни објекти, независно од тоа дали закупот резултира пренесување на сопственоста на закупецот;

(г) парични казни, финансиски казни и трошоци од судски спорови; камата на долг;

(д) оперативни трошоци;

(ѓ) користени машини и опрема;

(ж) банкарски трошоци, трошоци за гаранции и слични давачки;

(ж) трошоци за менување валута, давачки и загуби во размена поврзани со ИПАРД евро сметката, како и други чисто финансиски трошоци;

(з) придонеси во натура;

(ѕ) купување на права за земјоделско производство, животни, годишни растенија и нивно засадување;

(к) секое одржување, амортизирање и трошоци за наем и

(ј) секој трошок настанат од јавната администрација во управување и спроведување на помошта, имено оние на управувачката и оперативната структура и, особено, режиски трошоци, наеми и плати на персоналот ангажиран за активности на управување, спроведување, мониторинг и контрола

Поддршка ќе биде дадена за инвестиции во материјални средства за воспоставување/модернизација на алтернативно земјоделско производство на фарми. Поддршка ќе биде доделена и за предложени инвестиции за диверзификација на економските активности во руралните области кои се однесуваат на шумарството и преработка на храна, а не се поддржани во рамките на мерките „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства” и „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи ” и чиј краен производ не е во Анекс I од Договорот (како што е прикажано во Прилог 7 од Програмата).

Следниве видови на инвестиции се опфатени со оваа мерка:

  1. Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности (како што се: згради за одгледување на растенија/производство, магацини, објекти за услуги, сместување, угостителство, придружни спортски објекти), помошни објекти (на пример складишта за суровини, објекти за подготовка на материјал, продажни места и санитарни барања), вклучувајќи ги и оние кои се користат за безбедност при работа и за заштита на животната средина (на пример третман на отпад, магацини за биомаса и недвижен имот за третман на вода/отпадни води) и потребна опрема.
  2. Набавка и/или инсталирање на нови машини, земјоделска механизација и опрема / инструменти, поврзани со прифатлива економска активност.
  3. Набавка на наменски транспортни резервари и приколки за превоз на суровините и/или производи (како приколки со ладење за превоз на производство, транспорт на опрема за биомаса).
  1. Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум), вклучувајќи медоносни дрва билки, семиња, и други зачинести и ароматични растенија, дрва за граѓа, кратки нискостеблени и други брзо-растечки видови, дрвја за  биоенергетски цели, украсни растенија и украсни дрвја (вклучувајќи и помошни постројки).
  2. Набавка и/или инсталирање на нови машини и/или опрема за заштита на животната средина (енергетска ефикасност, контролирани климатски услови, третман на отпад и нус-производи и валоризација, третман на отпадна вода/канализација, преработка на животинска или растителна примарна и секундарна биомаса), вклучувајќи и обезбедување на електрична енергија и/или греење со користење обновливи ресурси.
  3. Инфраструктурата на имотот на кој се реализира инвестицијата, вклучувајќи изградба и реконструкција на патишта за внатрешно поврзување, патеки, инсталации за снабдување со електрична енергија, водоснабдување и канализациони системи, пумпни станици, артески бунари, оградување итн. и подобрување на надворешните области на имотот, за задоволување на потребите на економските активности и услуги;

Прифатливи трошоци во рамки на оваа мерка  се:

(а)  Материјални вложувања:

  • набавка на градежни материјали и елементи за изградба или реконструкција на згради и објекти;
  • набавка на нови машини и опрема;
  • набавка на нова земјоделска механизација и
  • набавка на повеќегодишни садници (освен хибриди).

(б) Нематеријални вложувања

  • постигнување согласност со меѓународно признаени стандарди:
    • воведување на системи за управување во претпријатијата (на пример ISO 9000:2005; ISO 9001:2000; ISO 14001:2004 (EMAS); ISO 900; ISO / ТR 10013:2001; ISO 19011:2002; ISO 27001; вклучувајќи ИТ -основни системи, итн);
    • подготовка за сертификација под НАССР (Анализа на опасност на критични контролни точки);
    • исполнување на Добра производна пракса (ДПП) во претпријатијата.
  • стекнување на патентни права и лиценци
  • компјутерски софтвер вклучувајќи софтверски лиценци
  • инсталација на машини и опрема (со исклучок на сервисер)
  • изградба / реконструкција (вклучувајќи технички надзор) и
  • услуги за садење и обновување на насади.

(в) Општи трошоци

  • подготовка на техничка документација, градежни планови и придружни студии;
  • подготовка на деловен план: пресметки на трошоци, анализи, анализи на пазарот, маркетинг анализи;
  • подготовка на проценка на животната средина и
  • пправување со проекти

(г) Трошоци за специфични информативни и рекламни активности на ниво на проект, кои се под надлежност на  корисниците:

  • билборди;
  • плакати и
  • налепници

Општите трошоци како што се надоместоците за архитекти и инженери и консултанти, физибилити студии, стекнување на патентни права и лиценци не може да надминат 12% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата. Специфични пониски стапки на поединечни ставки може да се утврдат во зависност од типот на инвестицијата.

Прифатливите трошоци треба да бидат утврдени и детално наведени во „Листа на прифатливи трошоци за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси“  која се одобрува од страна на Европската комисија.

Правила за потекло на трошоците

Сите набавки реализирани со средства од оваа програма треба да потекнуваат од прифатлива земја и тоа:

  • Земји членки на ЕУ, земји кандидати за ЕУ наведени во Анекс I на Регулативата (EУ) бр. 231/2014, договорни страни на Договорот за Европската економска област и партнерските земји опфатени со Европскиот инструмент за соседство (ЕНИ) и
  • Земји за кои е воспоставен реципрочен пристап до надворешната помош од страна на Европската комисија во согласност со условите утврдени во точка (е) од член 9 (1) од Регулативата (EУ) бр 236/2014.

Доколку износот на набавката е под 100.000 евра во денарска противредност  правилата за потекло не се применуваат.

Tрошоци кои не се прифатливи во рамки на оваа мерка:

(а)даноци, вклучувајќи данок на додадена вредност; освен неповратен данок на додадена вредност кога е товар на корисниците освен лицата кои не подлежат на оданочување согласно прописите за данок на додадена вредност;

(б)царини и увозни давачки, или некои други давачки што имаат еднаков ефект;

(в)купување, изнајмување или закуп на земја и постојни објекти, независно од тоа дали закупот резултира пренесување на сопственоста на закупецот;

(г)парични казни, финансиски казни и трошоци од судски спорови, камата на долг;

(д)оперативни трошоци;

(ѓ)користени машини и опрема;

(е)банкарски трошоци, трошоци за гаранции и слични давачки;

(ж)трошоци за менување валута, давачки и загуби во размена поврзани со ИПАРД евро сметката, како и други чисто финансиски трошоци;

(з)придонеси во натура;

(ѕ)купување на права за земјоделско производство,  набавка на животни, годишни растенија и нивно засадување;

(к)секое одржување, амортизирање и трошоци за наем и

(ј)секој трошок настанат од јавната администрација во управување и спроведување на помошта, имено оние на управувачката и оперативната структура и, особено, режиски трошоци, наеми и плати на персоналот ангажиран за активности на управување, спроведување, мониторинг и контрола.