Петти состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » Петти состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

Петти состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

На 21 мај 2019 година, во Охрид, се одржа 5-от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020. Комитетот го отвори председавачот – државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Нефрус Челику кој во поздравниот говор го истакна значењето на напредокот во спроведувањето на ИПАРД Програмата 2014-2020.

Во рамки на состанокот беше истакнато дека ИПАРД Програмата 2014-2020 претрпе прва модификација во делот на критериумите за прифатливост, финансиските табели и листата на прифатливи трошоци. Покрај ова, во тек е и доставување на предлог втора модификација, која е единствено од финансиски карактер и со која се врши реалокација на средствата помеѓу мерките. Воедно, Телото за управување со ИПАРД ја започна постапката за измена на листата на прифатливи трошоци по сите три акредитирани мерки. За сите одобрени измени потенцијалните корисници ќе бидат дополнително информирани. Спроведувањето на ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжува со активности за пренос на правото за управување со две нови мерки во рамки на ИПАРД Програмата 2014-2020 и тоа мерката за Спроведување на стратегии за локален развој -ЛИДЕР пристап, како и мерката за Советодавни услуги во земјоделството. Со овие две мерки, како и со тековните активности за пренос на правото за управување со мерката Инвестиции во рурална јавна инфраструктура, предвидено е да се заокружи акредитацискиот процес на ИПАРД Програмата 2014-2020. Покрај ова, во тек се и подготвителни активности за воведување на Агро еколошки мерки и тоа во сегментот на мерки за справување со климатските промени и органското производство.

Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој истакна дека во следните јавни повици за мерките од ИПАРД Програмата 2014-2020 ќе се обработуваат единствено комплетни барања за користење на средства од Програмата. Со оваа промена се очекува забрзување на процесот на обработка на барањата, со што ќе се олесни спроведувањето на Програмата и дополнително ќе се зголеми искористеноста на средства од истата.

Покрај претставници на Телото за управување со ИПАРД, претставници на ИПАРД структурите, членови и заменици членови на Комитетот за следење на ИПАРД, на 5-от состанок присуствуваа и претставниците на Европската Комисија со советодавна улога Лиам Бреслин и Зиго Рутковскис, како и претставници од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

1.Нацрт_дневен_ред_5КС_170519

2. Нацрт записник_4МК

5.1 Информација за напредокот на активностите на АФПЗРР во однос на ИПАРД Програмата 2014-2020_ИА_170519

5.3. Информација за резултатите од спроведувањето на ИПАРД

6. Годишен извештај за спроведување_5КС_170519

7.1. Извештај во однос на првата измена на ИПАРД Програмата 2014-2020 и ЛПТ_ТУ

7.3 Лидер пристап_ТУ

7.3 Советодавни услуги_ТУ

7.4.Подготвителни активности за Агро-еколошки мерки_ТУ

8.1.Напредок на активности во однос на спроведување на АПТА 2018 и 2019_ТУ

8.2 Напредок на активности за комуникација и публицитет за 2019 година за ИПАРД 2014-2020_ТУ

8.2. Напредок на активностите за комуникација и публицитет за 2019 година на ИПАРД Програмата 2014-2020_ТУ

9.Информација за функционирање на системот за управување и контрола на ИПАРД_НАО

10.1. Информација за екс-пост евалуација на ИПАРД Програмата 2007-2013_ТУ

10.2. Напредок на активности во однос на евалуација на ИПАРД Програмата 2014-2020_ТУ