6 состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » 6 состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

6 состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

На 12 декември 2019 година, во Скопје, се одржа 6-от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020. Состанокот го отвори председавачот – Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-н Нефрус Челику кој во поздравниот говор го истакна значењето на напредокот во спроведувањето на ИПАРД Програмата 2014-2020.

  

Улогата на Комитетот е следење на ефикасноста и ефективноста во спроведувањето на Инструментот за предпристапна помош на Европската Унија за рурален развој ИПАРД Програмата 2014-2020 во рамки на  ИПА II. Во рамки на состанокот беше истакнато дека ИПАРД Програмата 2014-2020, покрај двете модификации ќе претрпи и трета модификација, со која се планира воведување на нови мерки во рамки на ИПАРД Програмата 2014-2020, и тоа мерката за Спроведување на стратегии за локален развој – ЛИДЕР пристап, мерката за Советодавни услуги во земјоделствотокако и воведување на Агро еколошки мерки и тоа во сегментот на мерки за справување со климатските промени и органското производство. Со овие мерки, како и со тековните активности за пренос на правото за управување со мерката Инвестиции во рурална јавна инфраструктура, предвидено е да се заокружи акредитацискиот процес на ИПАРД Програмата 2014-2020..

На состанокот беа презентирани и резултатите во врска исплатата на ИПАРД средствата на крајните корисници која е во износ од 8,9 милиони евра и која беше услов за успешно имплементирање на ИПАРД Програмата и понатамошно користење на проектираните средства во Програмата. Беше нагласена заложбата на целата ИПАРД структура за овој успех и нагласено задоволство во врска исполнување на оваа цел а со тоа и зголемување на мотивот за понатамошно имплементирање на ИПАРД Програмата.

Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој истакна дека во последниот јавен повик 01/2019 година за мерката 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси од ИПАРД Програмата 2014-2020 пристигнатите Барања од потенцијалните корисници веќе се обработуваат и во голем дел се комплетни, што беше позитивно поздравено. Беше истакнато дека земјите во регионот се интересираат за начинот и резултатите од имплементирањето на законската обврска за доставување и обработка на  комплетни барања за користење на средствата од  Програмата. Со оваа промена се забрза процесот на обработка на барањата и се нагласи воведување на електронско доставување на барања за користење на средствата од ИПАРД Програмата.

За време на состанокот неколку пати беше покренато прашањето за подготвителните активности за ИПАРД III програмскиот период, кој треба да биде имплементиран во следните седум години почнувајќи од 2021 до 2027 година.

На 6-тиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД, покрај претставници на Телото за управување со ИПАРД, претставници на ИПА структурите во земјава, членови и заменици членови на Комитетот за следење на ИПАРД, присуствуваа и претставници од Делегацијата на Европската Унија, како и претставниците на Европската Комисија со советодавна улога Лиам Бреслин и Зиго Рутковскис.

1. Нацрт дневен ред_КС ИПАРД II_6ти

2. Нацрт записник_5КС_КС ИПАРД II_6ти

3. Информација за спроведени одлуки и заклучоци_КС ИПАРД II_6ти

6.1 Извештај за следење 2019_КС ИПАРД II_6ти

6.2 Информација за напредокот на активностите на АФПЗРР за ИПАРД Програмата 2014-2020_КС ИПАРД II_6ти

6.2а Состојба со човечки ресурси АФПЗРР_КС ИПАРД II_6ти

6.3 НАО Извештај_КС ИПАРД II_6ти

7.1 Информација по однос на втора модификација на ИПАРД Програма 2014-2020_КС ИПАРД II_6ти

7.2 Дискусија по однос на трета модификација на ИПАРД Програма 2014-2020_КС ИПАРД II_6ти

7.3 Информација по однос на подготвителни активности за Агроеколошки мерки_КС ИПАРД_6ти

8.1 Информација за реализација на АПТА во 2019_КС ИПАРД II_6ти

8.1a Информација за реализација на мерка Техничка помош во 2019_КС ИПАРД II_6ти

8.2 APTA 2019_втора измена_КС ИПАРД II_6ти

8.3 APTA 2020_КС ИПАРД II_6ти

8.4 Извештај за комуникација и публицитет_КС ИПАРД II_6ти

8.5 Годишен план за Комуникација и публицитет за 2020_КС ИПАРД II_6ти

9. Напредок на активности во однос на евалуација на ИПАРД Програмата 2014-2020_КС ИПАРД II_6ти

9.1 Информација по однос на Ex- post евалуација на ИПАРД Програма 2007-2013_КС ИПАРД II_6ти

9.2 Информација по однос на тековна евалуација на ИПАРД Програма 2014-2020_КС ИПАРД II_6ти

Одлуки и заклучоци од шести КС

Записник од 6 состанок на КС

2023-04-06T12:45:16+00:0031 декември 2019|