Вкупно посетители

Почитувани ,

Добродојдовте на порталот на Секторот за управување со претпристапната помош на ЕУ за руралниот развој  ИПАРД

Што е ИПАРД?

Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД II Програмата (2014– 2020) за Република Македонија претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој со фокус на имплементација на законодавството на Европската Заедница во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници и разновидна и одржлива рурална животната средина.

Подготовки на Програмата за користење на средствата од инструментот за претпристапна помош за рурален развој на европската унија (ИПАРД) за периодот 2014-2020

Процесот на подготовка на ИПАРД II  Програмата2014-2020 беше спроведен во надлежност на Секторот за управување со претпристапната помош на ЕУ за руралниот развој  ИПАРД, во соработка со ИПАРД Агенцијата и во постојана консултација со сите релевантни заинтересирани страни (државни, регионални,локални и други јавни органи, економските и социјалните партнери и сите други соодветни тела кои го претставуваат граѓанското општество, невладините организации, вклучувајќи ги и еколошките организации, претставници на малцинските групи, заинтересирани страни и тела одговорни за промовирање на еднаквоста помеѓу мажите и жените)

Мерки составен дел од ИПАРД II Програмата 2014-2020

Во ИПАРД II Програмата 2014-2020 се предвидени следниве 5 Мерки и тоа:

  • Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства
  • Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи
  • Диверзификација на фарма и развој на бизнисот
  • Техничка помош
  • Инвестиции во руралната јавна инфраструктура

Се надевам дека на нашиот портал ќе најдете корисни податоци и добиете одговор на сите Ваши прашања.

Со почит,

Секторот за управување со претпристапната помош на ЕУ за руралниот развој  ИПАРД