Мерка 7: ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА ФАРМИТЕ И РАЗВОЈ НА БИЗНИСИ

Дома » Мерки » Мерка 7: ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА ФАРМИТЕ И РАЗВОЈ НА БИЗНИСИ
Мерка 7: ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА НА ФАРМИТЕ И РАЗВОЈ НА БИЗНИСИ2019-05-26T19:14:43+00:00
  • Физички лица;
  • Правни лица (микро и мали претпријатија);
  • Задруги.
  • Алтернативно земјоделско производство – (одгледување на печурки и тартуфи, хортикултура, производство на семенски и саден материјал, одгледување на зајаци, полжави, птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки тетреби, ноеви, емуа и бисерки, дивеч, пчели, одгледување на зачински и ароматични растенија, насади на дрвја за дрвена граѓа и био-маса (брзо растечки), аквакултурни фарми за слатководна риба.
  • Производство на прехранбени производи и пијалаци – (со исклучок на инвестиции кои се прифатливи по другите мерки од ИПАРД Програмата)
  • Производство на не-прехрамбени производи – (сите дејности согласно листата на дејности која е Прилог 14 на ИПАРД Програмата)
  • Развој на занаетчиски активности – (во согласност со Правилникот за начинот на определување на активности кои можат да се вршат со занаетчиство)
  • Обезбедување на услуги во земјоделството – (ветеринарна дејност, работилници за одржување и поправка на земјоделска механизација и опрема, услуги за изнајмување на земјоделска механизација и машини)
  • Развој на услуги за руралното население – (услуги за поправка и одржување, за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн), за дневно згрижување на деца, образовни, информатички, спортско-рекреативни центри и сл.)
  • Промоција на руралниот туризам – (сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови, готвење и служење на храна, соби за дегустација/продажба, рурални музеи, простории за семинари/обуки, едукативни фарми, рекреативни активности за туристите)
  • Производство и продажба на енергија од обновливи извори: (соларна и ветерна енергија, преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, освен биомаса од рибни производи, производство на био-гориво, преработка на шумска биомаса).

На крај на инвестицијата потребно е да се достигнат минималните национални стандарди за:

  • Јавно здравје;
  • Благостојба на животните;
  • Безбедност на храна;
  • Заштита при работа;
  • Заштита на животна средина.

Во зависност од специфичната економска дејност на барателот потребно е на крајот на инвестицијата да бидат исполнети сите барања согласно националното законодавство.

За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:

  • Сопственост или
  • Договор за закуп (најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето);

Инвестициите во градба/реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.

Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба/реконструкција за туристички цели за сместување и/или ресторански услуги се ограничени на:

  • 10 соби (20 гости);
  • 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости);
  • 50 гости за ресторански услуги.

Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба/реконструкција за туристички цели за сместување и/или ресторански услуги се ограничени на:

  • 20 соби (50 гости);
  • 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости);
  • 150 гости за ресторански услуги

Економската оддржливост на инвестицијата барателот ја докажува преку:

  • Технички предлог проект (за инвестиции до 50.000 €);
  • Деловен план (за инвестиции над 000 €)
  • Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;
  • Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;
  • Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;
  • Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);
  • Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Инфраструктурно уредување.

Висината на финансиската поддршка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.

  • Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект – 1.500 €.
  • Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект – 1.000.000 € .

Барателите може да поднесат повеќе проекти во рамки на оваа мерка во текот на  спроведувањето на Програмата, под услов максималните вкупни прифатливи трошоци (до 1.500.000 ) да не бидат надминати и претходните проекти да бидат реализиарни (исплатени на корисникот).