Вкупно посетители

МЕРКА  ИНВЕСТИЦИИ ВО РУРАЛНА ЈАВНА ИНФРАСТРУКТУРА

  1. Корисници

Следниве групи на корисници можат да се пријават и да добијат поддршка во рамки на оваа мерка:

  • Oпштини можат да аплицираат за поддршка на населени места со не повеќе од 10 000 жители, дадени во Прилог 3 кој е составен дел на оваа програма, како корисници на инвестицијата.
  • Јавно претпријатие за стопанисување со шуми основано во согласност со Законот за јавните претпријатија и регистрирано во Централниот регистар и
  • Јавно претпријатие за стопанисување со пасишта основано во согласност со Законот за јавните претпријатија и регистрирано во Централниот регистар.
  1. Општи критериуми за прифатливост

Барателот треба да достави барање со комплет на потребни документи.

Градежни (основни) планови и технички цртежи вклучувајќи предмер подготвени согласно Законот за градење и други локални градежни стандарди, официјално воспоставени од општината, треба да се достават заедно со барањето.

Баратели – општини треба да достават одлука донесена од страна на Советот на општината за приоритет на проектот за развој на општината и во согласност со локалните развојни планови каде што е применливо.

Баратели – јавни претпријатија треба да достават одлука донесена од страна на Управниот одбор за усогласеноста на проектот со годишните планови.

Баратели – општини кои имаат намера да инвестираат во населени места кои се опфатени со Законот за култура, треба да достават одобрение/согласност за изведување на инвестицијата, издадено од Министерство за култура и/или Министерствство за транспорт и врски.

Баратели – општини кои имаат намера да инвестираат во населени места, потребно е да достават одобрение за изведување на инвестицијата од Министерство за животна средина и просторно планирање .

Одржувањето на проектот треба да биде обезбедено  од страна на корисникот се додека не поминат најмалку  пет  години по последната исплата на проектот. Трошоците  за одржување  не  се прифатливи за кофинансирање од  ЕУ.

Инвестициите треба да се спроведат на државен или општински имот. Во случај на инвестициски проекти, кои се реализираат на приватен имот, а не се во сопственост на барателот, пред да аплицира за поддршка, треба да се почитува Законот за експропријација или концесија.

  1. Посебни критериуми за прифатливост

Инвестициските проекти за водоснабдување, канализација и отстранување на отпад, треба да бидат координирани од страна на локалните јавни претпријатија основани за управување со јавната дејност.

Инвестициите за производство на енергија од обновливи извори на енергија се прифатливи доколку се однесуваат на енергетските потреби на прифатливиот корисник – општина и/или населби.

Во случај на инвестиции во пристапни патишта до шумско земјиште, шумата треба да се класифицира со висок ризик за шумски пожари, и да биде потврдено од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

  1. Национални и ЕУ стандарди

Секој проект треба е во согласност со националните минимални стандарди за заштита на животната средина, градежништво, енергија и култура, кои се релеванти за проектот, пред  да се достави конечното барање за исплата кон Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

  1. Континуитет на инвестицијата

Барателот треба да покаже можности за континуитет на работењето односно способност да се одржи инвестицијата во тек на најмалку пет години по реализација на инвестицијата, односно по приемот на конечната исплата.

  1. Вид на прифатливи инвестиции

Снабдување со енергија и енергетската ефикасност:

  • изградба или рехабилитација и опремување на фабриките за обновливи извори на енергија и системи за јавна дистрибуција (био-горива, енергиј и топлина) од обновливите извори;
  • изградба или рехабилитација на инсталациите за обновливи извори на енергија за снабдување на објекти во општинска сопственост и/или згради кои се користат за обезбедување на услуги во заедницата (како и образование и здравство);
  • подобрување на локалните јавни дистрибутивни мрежи за снабдување со електрична/топлинска енергија во општинските населби и/или земјоделски области вклучувајќи ги и пасишта и
  • инвестиции за подобрување на енергетската ефикасност во општинските и другите објекти кои се користат за обезбедување на услуги во заедницата (како и образование и здравство).

Стопанисување со води:

  • изградба/реконструкција/рехабилитација на системот за водоснабдување, инсталации и поврзани објекти (на пример, прочистување, филтрација, итн) и
  • изградба/реконструкција/рехабилитација на канализацијата, инсталациите и поврзани објекти (на пример третирање на испуштањето на отпадни води).

Поддршка за инвестиции во собирање на отпадни води и нивно третирање за населби поголеми од 10.000 население не се прифатливи, бидејќи се поддржани од еколошките активности во рамките на ИПА II.

Стопанисување со отпад:

  • изградба/реконструкција на мала инфраструктура за стопанисување со отпад (на пример, депонии и/или точки за собирање на отпад, согласно со стандардите за животната средина) и
  • набавка и инсталација на опрема за собирање на отпад (на пример, контејнери, транспортни приколки и возила);

Обнова на село:

  • изградба и реконструкција на јавни зелени површини – паркови и градини, детски игралишта;
  • изградба и реконструкција на уличната мрежа, уличните тротоари, плоштади, пешачки површини, шеталишта, и друга потребна опрема;
  • реконструкција и реновирање на општински згради од локално културно, традиционално или природно значење и/или подобрување на области од локално културно, традиционално или природно значење и надворешни објекти, вклучувајќи уредување и потребна опрема;
  • реновирање на фасади на јавни објекти, надворешни објекти, вклучувајќи израмнување и уредување на надворешни површини (ако се интегрирани во просторниот план на населбата и/или според официјалните општински стандарди за архитектонски и градежен стил на ниво на општината или населбата) и
  • инвестиции во изградба на речните корита за контрола и справување со поплави во рамките на населбата, вклучувајќи инфраструктура за заштита од лизгање на земјиштето.

Патишта:

  • изградба/рехабилитација на постоечките општински патишта и мостови (на пример, патишта кои ги поврзуваат населбите со главните патишта, врски помеѓу населените места, јавни пристапни патишта до бизниси, фарми, туристички објекти, згради или надворешни области од локално културно, традиционално или прирорно значење, земјоделско земјиште и шуми )вклучувајќи и израмнување и уредување на околината и
  • изградба/реконструкција на земјоделската и шумската патна мрежа (вклучувајќи патеки за превенција на пожари).

Услуги:

  • изградба и реконструкција на локалната пазарна инфраструктура – земјоделски пазар, занаетчиски пазари, итн. и релевантни објекти и опрема;
  • воспоставување на нови или подобрување на постоечките центри за културни услуги (како што се културни центри, театри, кина, библиотеки);
  • воспоставување или подобрување на центри за рекреација, слободно време и спорт (вклучувајќи спортски центри, младинските центри, итн) и
  • воспоставување или подобрување на центри за социјални услуги – згрижување на деца (јасли, градинки), грижа за стари лица и лица со посебни потреби (како што се центри за дневна грижа), вклучувајќи и специјализиран превоз.

Прифатливи трошоци во рамки на оваа мерка се:

  • Материјални вложувања:
  • набавка на градежни материјали и елементи за изградба или реконструкција на објекти и инфраструктура;
  • набавка на механизација, машини и опрема и
  • набавка на повеќегодишни растенија.

(б)  Нематеријални  вложувања:

  • компјутерски софтвер вклучувајќи софтверска лиценца;
  • инсталација на опрема (со исклучок на сервисер);
  • услуги за изградба/реконструкција (вклучувајќи и технички надзор) и
  • услуги за садење и уредување на пејзаж.

(в)  Општи трошоци

  • подготовка на техничка документација, градежни планови и дополнителни студии;
  • подготовка на деловен план: пресметки на трошоци, анализи, пазарни анализи, маркетинг анализи;
  • подготовка на еколошка проценка и
  • управување со проекти.

(г)  Трошоци за конкретни информации и рекламни активности на ниво на проект, кои се одговорност на корисниците

  • билборди;
  • плакати и
  • налепници.

Прифатливите трошоци треба да бидат утврдени и детално наведени во Листата на прифатливи трошоци за мерка „Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“  која се одобрува од страна на Европската комисија.

Правила за потекло на трошоците

Сите набавки реализирани со средства од оваа програма треба да потекнуваат од прифатлива земја.  Прифатливи земји се следните:

  • земји членки на ЕУ, земји кандидати за ЕУ наведени во Анекс I на Регулативата (EУ) бр. 231/2014, договорни страни на Договорот за Европската економска област и партнерските земји опфатени со Европскиот инструмент за соседство (ЕНИ), и

 

  • земји за кои е воспоставен реципрочен пристап до надворешната помош од страна на Европската комисија во согласност со условите утврдени во точка (е) од член 9 (1) од Регулативата (EУ) бр 236/2014.

Доколку износот на набавката е под 100.000 евра во денарска противредност  правилата за потекло не се применуваат.

Tрошоци кои не се прифатливи во рамки на оваа мерка:

(а) даноци, вклучувајќи данок на додадена вредност; освен неповратен данок на додадена врдност кога е товар на корисниците освен лицата кои не подлежат на оданочување согласно  прописите за  данок на додена вредност ;

(б) царини и увозни давачки, или некои други давачки што имаат еднаков ефект;

(в) купување, изнајмување или закуп на земја и постојни објекти, независно од тоа дали закупот резултира пренесување на сопственоста на закупецот;

(г) парични казни, финансиски казни и трошоци од судски спорови; камата на долг;

(д) оперативни трошоци;

(ѓ) користени машини и опрема;

(ж) банкарски трошоци, трошоци за гаранции и слични давачки;

(ж) трошоци за менување валута, давачки и загуби во размена поврзани со ИПАРД евро сметката, како и други чисто финансиски трошоци;

(з) придонеси во натура;

(ѕ) купување на права за земјоделско производство, животни, годишни растенија и нивно засадување;

(к) секое одржување, амортизирање и трошоци за наем и

(ј) секој трошок настанат од јавната администрација во управување и спроведување на помошта, имено оние на управувачката и оперативната структура и, особено, режиски трошоци, наеми и плати на персоналот ангажиран за активности на управување, спроведување, мониторинг и контрола

   7.Висина на поддршка

Вкупните јавни расходи (75% ЕУ фондовите + 25% национално кофинансирање) нема да ja надминат стапката од:

–             100% од вкупните прифатливи трошоци за инвестициите кои не се од таква природа да генерираат значајни нето приходи  (согласно член 61 од ЕУ регулатива бр. 1303/2013 на Европскиот парламент и Советот)

–             50% од вкупните прифатливи трошоци за проекти кои генерираат приходи (согласно член 61 од ЕУ регулатива бр. 1303/2013 на Европскиот парламент и Советот).

Најниска вредност на вкупни прифатливи трошоци по инвестиција изнесува 10.000 евра во денарска противредност.

Највисока вредност на вкупни прифатливи трошоци по инвестициски проект изнесува  3. 000.000 евра во денарска противредност за проекти на општини и  500.000 евра во денарска противредност за проекти на јавните претпријатија

8. Спроведување на мерката

Инвестициите поддржани со оваа мерка треба да се во рамки на населени места кои имаат помалку од 10.000 жители- ЛАЕ 2. Листата на населени места со помалку од 10.000 жители  е дадена во Прилог 3 од оваа програма.

Спроведувањето на оваа мерка започнува со објавување на јавен повик за доставување на барање за користење средства од ИПАРД II програмата од страна на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Пакетот на материјали за доставување на барање за користење на средства во рамки на оваа мерка (вклучувајќи Упатство за корисници, листа на потребни документи, упатства за пополнување на обрасци и други насоки за корисници) ќе бидат објавени во електронска форма на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во печатена форма.

Барателите на средства во рамки на оваа мерка ќе бидат одбиени доколку:

–              не ги исполнуваат критериумите за прифатливост;

–              трошоците не може да се утврдат како прифатливи и

–              проектот не е одржлив.

Бодувањето на проекти ќе се користи за избор на проекти преку рангирање во случаи кога бараниот износ за финансиска поддршка во пристигнатите барања е поголем од достапниот финансиски буџет посветен на оваа мерка.

Проекти со 0 бодови не можат да се одобрат за поддршка.

Корисниците на оваа мерка потпишуваат Договор за користење на финансиска поддршка од ИПАРД II со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кој ги обврзува да спроведат тендерска постапка за јавна набавка за реализирање на  предложената инвестиција во согласност со правилата на ПРАГ- Практичен водич за договорни постапки на ЕУ за надворешни активности.

Бројот на рати за исплата на средстватата може да биде во согласност со бројот на градежните фази на инвестицијата, утврдено во Договорот за користење на финансиска поддршка од ИПАРД II со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Корисниците може да поднесат повеќе барања во рамките на оваа мерка во текот на периодот на спроведување на програмата, под услов максималната вкупна поддршка да не е надмината и претходните проекти/инвестици да се успешно завршени, односно корисникот ја има примено конечната исплата.

   9. Административна процедура

Минималните чекори на административната постапка за спроведување на оваа мерка се елаборирани во делот 8.2 од оваа Програма. Оваа мерка ќе се спроведува во согласност со внатрешните постапки за управување и контрола воспоставени од страна на ИПАРД Агенцијата, акредитирани од НАО и одобрени од Комисијата.
Сите проекти мора да бидат подготвени во согласност со правилата за надворешна помош на Комисијата содржани во Финансиската регулатива. За таа цел, примената на ПРАГ може да се прилагоди на спецификите на националното законодавство за јавни набавки на начин на кој ќе се почитува главниот принцип на Договорот, како што е: транспарентноста, пропорционалноста, еднаквиот третман, недискриминацијата, и треба да обезбеди стабилно финансиско управување (вредност за пари).
Во случај корисникот да нема капацитет за вршење на јавните набавки во согласност со правилата за јавни набавки кои се применуваат за оваа мерка, јавните набавки може да се прават, во име на крајниот корисник, а од страна на централизиран надлежен јавен орган (ќе се одлучи во текот на акредитацијата на оваа мерка).

 10. Корисни информации

Потребните обрасци како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД II Програмата за  во кое се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање може да се подигнат дитректно во:
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Тел.02/3097-460 Адреса: III Македонска бригада бб., Скопје интернет адреса http://www.ipardpa.gov.mk/

За појаснување на ИПАРД II Програмата можете да се обратите до:
Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство Тел: 02/3134-477 локал 113,114,115 , Сектор ИПАРД, aдреса: Аминта трети бр.2, Скопје, интернет адреса: www.ipard.gov.mk