За 15 дена е продолжен рокот за поднесување барања за користење средства од ИПАРД 2 Програмата 2014 – 2020 за мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“

Дома » За 15 дена е продолжен рокот за поднесување барања за користење средства од ИПАРД 2 Програмата 2014 – 2020 за мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“

За 15 дена е продолжен рокот за поднесување барања за користење средства од ИПАРД 2 Програмата 2014 – 2020 за мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“

По барање на заинтересираните странки, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го продолжи рокот за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ која се финансира од ИПАРД 2 програмата.  Наместо до 18- ти ноември сите заинтересирани апликациите ќе може да ги доставуваат до 3- ти декември 2019 – та година.

                   

Со оваа им се дава доплнителна можност за прибирање и комплетирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање за добивање на средствата од ИПАРД 2 Програмата, поточно од Мерката 7 „Диверзификација и развој на мали бизниси“.

Преку Јавниот повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата, вкупно на располагање се 16,6 милиони евра. Оваа мерка овозможува реализација на инвестиции во модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, сместувачки капацитети како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги. Согласно програмата до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција ќе им бидат вратени на апликантите преку средствата од ИПАРД 2 Програмата. Со ефикасно искористување на оваа мерка ќе се придонесе за отворање на нови работни места во руралните средини со што ќе се намали руралната депопулација, подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и зголемување на нивото на економската активност. Преку  Мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ го развиваме најмоќниот дел на економијата а тоа се малите и средни претпријатија кои се силата на домашната економија.

Сите заинтересирани лица, информациите и деталите во врска Јавниот Повик, може да ги најдат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2019-11-12T09:06:31+00:0012 ноември 2019|Соопштение, Соопштенија|