Инфо деновите за ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжуваат и оваа недела

Дома » Инфо деновите за ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжуваат и оваа недела

Инфо деновите за ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжуваат и оваа недела

Скопје, (28.10.2019)

Претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во рамките на Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020, одржаа 10 инфо денови и еден форум. Инфо деновите имаат за цел да ги претстават сите можности за искористување на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Инфо деновите ќе продолжат и оваа недела, односно од  29ти до 31ви октомври 2019, на 4 нови локации, и тоа:

– 29. октомври 2019 (вторник) во Македонски Брод во 11 часот во Сала на општина Македонски Брод

– 30. октомври 2019 (среда) во Ресен  во 11 часот  во Сала на општина Ресен

– 31. октомври 2019 (четврток) во Маврово во 10 часот во ресторан “Кристијан”

– 31. октомври 2019 (четврток) во Дебар во 14 часот во Сала на општина Дебар

Голем број на потенцијални корисници ги посетија информативните денови и беа посебно заинтересирани за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ посебно поради фактот што Повикот број 01/2019 за оваа мерка е отворен до 18ти ноември 2019 година. Оваа мерка овозможува инвестиции во модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, сместувачки капацитети како и отворање на ресторани. Согласно Програмата, до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција ќе им бидат вратени на барателите-корисници на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Краткото информативно видео за ИПАРД Програмата 2014-2020, кое ја промовира мерката 7, може да се погледне на: https://www.youtube.com/watch?v=KYDo0Irk7FE

Информациите околу јавниот повик 01/2019, потребните документи, инфо деновите и информативното видео сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите (www.ipard.gov.mk)  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2019-10-28T14:03:13+00:0028 октомври 2019|Соопштение, Соопштенија|