Инфо деновите за Мерката 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжуваат во општините Карпош и Аеродром

Дома » Инфо деновите за Мерката 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжуваат во општините Карпош и Аеродром

Инфо деновите за Мерката 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 продолжуваат во општините Карпош и Аеродром

Скопје, (16.01.2020)

ИПАРД инфо караванот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за Мерка 3 продолжува во Скопје, во општините Карпош и Аеродром.

Средбата со заинтересираните граѓани/ претпријатија/ задруги во општина Карпош ќе се одржи на 17-ти јануари во 10:00 часот во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае.

Во општина Аеродром средбата ќе се одржи во салата на општината, на 17-ти јануари во 14:00 часот.

Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 овозможува инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Висината на финансиската поддршка изнесува до 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата каде минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци  по инвестициски проект е 10.000 евра.

Во следните две седмици, инфо деновите продолжуваат во Битола, Градско, Кочани и Богданци.

Подетални информациите сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите http://ipard.gov.mk, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство http://mzsv.gov.mk/, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството  http://agencija.gov.mk/, или да се јават во Сектор ИПАРД на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2020-01-16T12:39:01+00:0016 јануари 2020|Соопштение, Соопштенија|