Инфо денови за ИПАРД 2, општини во кои ќе биде караванот оваа недела

Дома » Инфо денови за ИПАРД 2, општини во кои ќе биде караванот оваа недела

Инфо денови за ИПАРД 2, општини во кои ќе биде караванот оваа недела

Скопје, 04.03.2020 година

Со цел подобро информирање на граѓаните за поефикасно искористување на ИПАРД средствата, низ државата тековно се организираат инфо каравани од страна на МЗШВ и Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ.

На 29.02.2020 година објавен е Јавен повик 01/2020, кој се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства по мерка 1. Корисници на Мерка 1 може да бидат земјоделски задруги, односно физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), индивидуален земјоделец или правно лице, и задруги. Мерката 1 поддржува примарно земјоделско производство, односно како приоритетни сектори го опфаќа растителното производство, сточарското производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделско стопанство.

Вчера, инфо караванот ги посети општините Желино и Теарце и ќе продолжи и наредните денови од оваа недела, денес, 04.03.2020 среда, ќе ги информира граѓаните во следните општини:

  • Општина Гостивар, во Центар за млади и заедницата од 10:00 часот
  • Општина Ростуше, во Гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше  од 14:00 часот

Наредниот ден на 05.03.2020, во четврток, инфо караванот ќе биде во

  • општина Кисела Вода од 9:30 часот во Bocca Caffe  (во комплексот позади  Flatiron во Кисела Вода)
  • општина Студеничани, во салата за совет на општината од 13.30 часот

Во петок на 06.03.2020  инфо караванот ќе биде во:

  • општина Ново Село од 11 часот во салата за совет на општината,
  • општина Босилово во Културно едукативниот центар од 15:00 часот.

Сите заинтересирани граѓани од овие општини ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД Програмата 2014–2020, особено со новопромовираната мерка 1, со цел, да го развијат и модернизираат сопственото земјоделско стопанство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поканува сите оние кои се заинтересирани за инвестирање по ИПАРД Програмата да присуствуваат на инфо средбите со цел подобрување на сопствените земјоделски стопанства.

– За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: http://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ , http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.

2020-03-04T11:10:52+00:004 март 2020|Соопштение, Соопштенија|