Нова Европска перспектива на Македонската индустрија за преработка на храна

Дома » Нова Европска перспектива на Македонската индустрија за преработка на храна

Нова Европска перспектива на Македонската индустрија за преработка на храна

Телото за  управување со ИПАРД фондовите и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство организира работилници за полесно искористување на средствата од ИПАРД програмата 2014-2020

Скопје, (26.12.2018)

Инструментот за претпристапна помош за рурален развој ИПАРД 2014- 2020 е столбот на ЕВРОПСКИТЕ МОЖНОСТИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО. Со цел поголем број на лица да се обучат и запознаат со ИПАРД, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Тело за Управување со ИПАРД фондовите организираат низа работилници и инфо денови за потенцијалните корисници.

Првата работилница, на тема „Користење на средства од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој – ИПАРД Програмата 2014 – 2020“ има за цел да ја промовира новата Европска перспектива за македонската индустрија за преработка на храна, во врска со Јавниот Повик бр. 01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, се одржа во Струмица.

Работилницата беше отворена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Во рамки на работилницата министерот Љупчо Николовски, и директорот на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, го најавија новиот јавен повик за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавен денеска.

Се работи за мерката Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства од ИПАРД 2-програмата која овозможува неповратна финансиска поддршка во износ од 60 до 70 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

„Овој повик овозможува за земјоделските стопанства широк спектар на инвестции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати. ИПАРД –програмата е од исклучителна важност за развојот на македонското земјоделство и вклучува мерки што директно им помагаат на нашите земјоделци. изјави министерот Николовски.

Користењето на средствата од ИПАРД Програмата за Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост.

Кампањата за публицитет на ИПАРД Програмата 2014-2020 започнува со денешната работилница во Струмица и истата ќе се имплементира во тек на 18 месеци низ целата територија на Република Македонија. Во рамките на оваа едукативна кампања предвидено е да се одржат 6 работилници, 3 форуми, и повеќе од 80 инфо-денови низ целата територија на Република Македонија.

Повеќе информации може да се најдат на www.mzsv.gov.mk, www.ipard.gov.mk и  www.ipardpa.gov.mk

2018-12-26T15:02:52+00:00декември 26th, 2018|Соопштение, Соопштенија|