Оваа недела ќе се одржат 6 инфо денови за ИПАРД 2014-2020

Дома » Оваа недела ќе се одржат 6 инфо денови за ИПАРД 2014-2020

Оваа недела ќе се одржат 6 инфо денови за ИПАРД 2014-2020

Скопје, (14.10.2019)

Минатата недела во општините Сопиште и Петровец се одржаа 2 инфо дена во склоп на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020. Голем број на лица беа заинтересирани за мерките, посебно за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Повикот за оваа мерка беше објавен на 4-ти октомври и трае до 18-ти ноември 2019 година.

Претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираат граѓаните и сите заинтересирани за постапките и условите за аплицирање за средства од ИПАРД II Програмата 2014-2020 и тие во текот на наредните неколку недели ќе ги продолжат своите активности преку инфо денови во повеќе општини и населени места. Согласно планот, оваа недела ќе се одржат инфо денови, и тоа:

15 Oктомври 2019 – Берово (мала сала во Општина Берово во 11:00ч.) и Пехчево (кино сала во ОУДК „Јане Сандански“ во 15:00ч.),

16 Oктомври 2019 – Дојран (ресторан „Калдрма“ во 11:00ч) и Негорци (ресторан „Центар Негорци“ во 15:00ч),

17 Oктомври 2019 – Белчишта (сала во Општина Дебрца во 11:00) и Охрид (голема сала на општина Охрид во 15:00 ч.).

Во склоп на овие денови ќе се претстават мерките 7 и 3, со тоа што во фокусот на вниманието ќе биде мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ имајќи во предвид дека објавениот Јавен повик 01/2019 се однесува на аплицирање по мерката 7.

Од вкупно предвидените 68 милиони евра што се на располагање преку ИПАРД 2 Програмата, во земјава се искористени 19 милиони евра. Се очекува до крајот на годината да бидат искористени уште 8,7 милиони евра, што се оценува како добар знак и за земјата и за Брисел. Најголем број од апликациите се однесуваат на земјоделските стопанства за набавка на механизација, следуваат барањата за поддршка за преработувачката индустрија за воведување стандарди, нова опрема и технологија, а дел се однесува и на мерката зa диверзификација на бизнисот, што овозможува развој на руралните средини.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа http://www.ipardpa.gov.mk, http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2019-10-14T13:13:55+00:0014 октомври 2019|Соопштение, Соопштенија|