Охрид домаќин на ИПАРД Инфо ден за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“

Дома » Охрид домаќин на ИПАРД Инфо ден за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“

Охрид домаќин на ИПАРД Инфо ден за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“

Скопје, (17.10.2019)

Оваа е втора работна недела во која се спроведуваат Инфо денови во склоп на едукативната кампања за ИПАРД Програмата 2014 – 2020. Охрид беше последната локација во која што се реализираше последниот инфо ден за оваа недела. До сега претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираа граѓаните во Сопиште, Петровец, Берово, Пехчево, Дојран, Негорци, Белчишта и Охрид.

Во Охрид главниот фокус беше ставен на мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Повикот за оваа мерка беше објавен на 4. октомври и ќе трае до 18. ноември 2019 година. Благодарение на претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој сите заинтересирани сега се запознаени со можностите и предностите од мерка 7. Покрај сите детали на нив им беа претставени и најприфатливите инвестиции како градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности, набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност, набавка на наменски транспортни резервари и приколки, набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум), набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија и инфраструктурно уредување. За оваа година од ИПАРД Програмата се очекува да бидат искористени уште 8,7 милиони евра.

Инфо деновите за ИПАРД Програмата ќе продолжат и наредната недела во Калиште или Радолиште и Вевчани на 25 октомври 2019 година.

Информациите околу инфо деновите, деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа http://www.ipardpa.gov.mk, http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

 

2019-10-21T11:35:59+00:0021 октомври 2019|Соопштение, Соопштенија|