Последен Инфо ден од втората сесија за ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » Последен Инфо ден од втората сесија за ИПАРД Програмата 2014-2020

Последен Инфо ден од втората сесија за ИПАРД Програмата 2014-2020

Кратово, (06.11.2019)

Во Кратово заврши последниот Инфо ден од втората сесија на Инфо денови организирани во склоп на Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020. Ова беше 20-от Инфо ден каде претставници од Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираа заинтересираните за сите детали поврзани со ИПАРД 2014-2020, посебно за мерка 3 „Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи“ и мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“.

До денешниот ден, во склоп на втората сесија, се имаат одржано 20 Инфо денови на 20 различни локации опфаќајќи голем дел од државата. Најголемиот фокус беше на мерка 7 затоа што повикот за истата е сѐ уште отворен и ќе трае до 18-ти ноември 2019 година со можност за продолжување. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на државата. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува точно 16.569.471,00 евра или во денарска противвредност 1.018.926.365,00 денари.

Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и „Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План / Технички Предлог Проект и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на АФПЗРР: www.ipardpa.gov.mk.

Во текот на овој месец се очекува објава на нов повик за кој ќе бидат објавени дополнителни детали.

Ангажманот и трудот на ескпертите и сите други вклучени во информирање и поддршка на граѓаните заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2014-2020 Програмата помогнаа во тоа државата да е во петте водечки земји во црпење на тие средства.

Сите информации и детали може да се најдат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2019-11-11T09:47:48+00:0011 ноември 2019|Соопштение, Соопштенија|