Продолжен е рокот за аплицирање по ИПАРД 2 Програмата до 3-ти август 2020

Дома » Продолжен е рокот за аплицирање по ИПАРД 2 Програмата до 3-ти август 2020

Продолжен е рокот за аплицирање по ИПАРД 2 Програмата до 3-ти август 2020

Скопје, 24.06.2020

Телото за управување со  ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумартсво и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информираат сите заинтересирани субјекти, апликанти и корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, дека  продолжува да тече рокот од  претходно отворениот јавен повик кој се однесува на поднесување на Барања за користење на средствата од МЕРКА 1 Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства”.

Крајниот рок за доставување на Барањата за користење на средствата по Мерка 1 од ИПАРД Програмата е до 3-ти август 2020 година.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Бабовски, апелира до сите кои за прв пат аплицираат, или пак веќе се во фаза на завршување на предлог проектите за инвестиции, да ги докомплетираат и да ја достават целосната документација по пошта на следната адреса: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Бул: „ 3-та Македонска бригада“ бр.20, 1000 Скопје (зграда на Македонија Табак блок Ц)

Дополнителни информации и детали за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа:  http://ipard.gov.mk/, http://mzsv.gov.mk/, http://ipardpa.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2020-06-24T13:02:59+00:0024 јуни 2020|Соопштение, Соопштенија|