Телото за управување со ИПАРД ги информира потенцијалните корисници за постапката за градење на земјоделско земјиште со објавување на Упатство за постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште

Дома » Телото за управување со ИПАРД ги информира потенцијалните корисници за постапката за градење на земјоделско земјиште со објавување на Упатство за постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште

Телото за управување со ИПАРД ги информира потенцијалните корисници за постапката за градење на земјоделско земјиште со објавување на Упатство за постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште

Во насока на информирање на можностите за изградба на објекти на земјоделско земјиште согласно Законот за земјоделско земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр. 135/07, 17/08, 18/11, 42/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19), Телото за Управување со ИПАРД фондови подготви и објави Упатство за постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште наменето за  потенцијалните корисници на ИПАРД Програмата 2014-2020.

Потребата од подготовка на Упатството произлезе како резултат на кампањата за публицитет на ИПАРД Програмата 2014-2020 каде како “тесно грло” беше утврдено недостаток на информации по однос на можностите кои ги дава Законот за земјоделско земјиште за изградба на оранжерии, објекти за промоција на земјоделски производи , објакти за спортско рекреативни активности и објекти за примарна обработка на земјоделски производи и истите се прифатливи инвестиции по ИПАРД Прогрмата 2014-2020.

Во  Упатство за постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште детално е прикажана постапката за изградба на објекти на земјоделско земјиште, преку видовите на градби за кои се однесува постапката, постапката на поднесување на барање и соодветна документација пред Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, критериуми за одобрување на Барањето за издавање на согласност за градење како и постапката пред Единицата за локална самоуправа каде финално се издава одобрение за изградба. (Прилог: Упатството за постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште).

Упатство за постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште

 

2019-12-23T11:09:33+00:0023 декември 2019|Соопштение, Соопштенија|