Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, АФПЗРР и претставници од НАО/МФ одржуваат работилница за консолидација на дел од процесот за аплицирање за ИПАРД 2014-2020

Дома » Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, АФПЗРР и претставници од НАО/МФ одржуваат работилница за консолидација на дел од процесот за аплицирање за ИПАРД 2014-2020

Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, АФПЗРР и претставници од НАО/МФ одржуваат работилница за консолидација на дел од процесот за аплицирање за ИПАРД 2014-2020

Скопје, (20.11.2019)

Денес, 20. ноември 2019, во х. Холидеј Ин се одржува работилница за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој (ИПАРД 2014-2020) помеѓу претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и претставници од Управувачка структура при Министерството за финансии. Нивната цел е да го консолидираат процесот на издавање на потребните документи, идентификување на институциите кои ги издаваат, а кои се потребни за доставување во рамки на Апликациите по ИПАРД 2014-2020. ИПАРД Програмата моментално има рекордна искористеност на средства од 37% односно склучени се 1017 договори со вкупна вредност од 29,5 милиони евра.

На работилницата ќе се обработат повеќе теми меѓу кои клучни ќе бидат ИПАРД можностите за македонското земјоделство и за македонските рурални средини со цел појасно и поедноставно аплицирање а со тоа и поголема искористеност на придобивките кои ги нуди од Програмата.

Во согласност со продолжувањето на рокот на јавниот повик за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020 од страна на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, сите заинтересирани, наместо на 18. ноември апликациите ќе може да ги доставуваат до 3. декември 2019 година.

За таа цел Телото за управување со ИПАРД ја продолжува и кампањата за Публицитет на Програмата со нови инфо денови. Во оваа недела ќе се одржат уште два инфо настани, и тоа:

  • 22 ноември 2019 (петок) во Бутел од 10.00 часот во Сала за состаноци на општина Бутел
  • 22 ноември 2019 (петок) во Јегуновце од 14.00 часот во Салата за состаноци на општина Јегуновце

Дополнителни информации и детали, заинтересираните лица може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Програма за работилница во Скопје 20112019

2019-11-26T12:55:59+00:0021 ноември 2019|Соопштение, Соопштенија|