За Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 денес ќе се зборува во Кочани, а во среда во Богданци

Дома » За Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 денес ќе се зборува во Кочани, а во среда во Богданци

За Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020 денес ќе се зборува во Кочани, а во среда во Богданци

Скопје, (28.01.2020)

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денес и утре, ќе ја претстави Мерка 3 во градовите Кочани и Градско. Министерството ги поканува сите заинтересирани граѓани, претпријатија, (микро, мали и средни) и  заинтересираните задруги да дојдат и да се информираат околу инвестициите.

Средбата во Кочани ќе се одржи денес (28.01.2020) со почеток во 11:00 часот во Салата за совет при општината на градот.

Додека утре (29.01.2020), со мерка 3 ќе се запознаат заинтересираните во Богданци  во ресторанот „TP EVRI – RD.“ Средбата е закажана за 11:00 часот.  

Мерката 3 од ИПАРД овозможува инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Прифатливи инвестиции со оваа мерка се: изградба и реконструкција на згради и друг недвижен имот, купување на нови машини и опрема/инструменти, специјални транспортни резервоари и приколки и воспоставување на инфраструктура на имотот на претпријатието.

More useful links xnxxfr.org, russianxnxx.com, filmexxx.link, futai.live, xnxxyouporn.com, omarxnxx.com!

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа https://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ http://www.ipardpa.gov.mk, или да се јават во Сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2024-02-24T22:37:44+00:0028 јануари 2020|