11ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД

Дома » 11ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД

11ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД

Единаесеттиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД ќе се одржи во Скопје, во дебатната сала на Владата на Република Македонија, на 12 декември 2012 година. Со состанокот ќе претседава заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Зоран Коњановски, како претседател.На состанокот ќе присуствуваат претставници на Европската комисија во нивната советодавна функција при работата на Комитетот.

Членовите, кои ги претставуваат партнерските организации и владините институции и агенции, како и дополнително поканети набљудувачи, претставници на донаторската заедница, науката и образованието, економските и социјалните партнери, по овој повод ќе разговараат за резултатите од спроведувањето на ИПАРД Програмата и поврзани прашања со програмирање и имплементација. Комитетот ќе донесува заклучоци за подобрување на ефективноста и ефикасноста на ИПАРД Програмата 2007-2013 и комуникациски активности за 2012 година и други прашања во рамките на своите овластувања.

Присуството на средбата е само со покана. Повеќе детали ќе бидат достапни по средбата, на веб-страницата на ИПАРД Програмата.

2014-06-18T15:39:50+00:009 декември 2012|