ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик број 01/2020 за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 “ Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”од ИПАРД Програма 2014-2020

Дома » ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик број 01/2020 за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 “ Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”од ИПАРД Програма 2014-2020

ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик број 01/2020 за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 “ Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”од ИПАРД Програма 2014-2020

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во втората половина на месец јануари 2020 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства по мерка 1 “ Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”од областа на политиките за земјоделство и рурален развој на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година).

Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку соoдветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување. Финансиските средства по мерка 1 “ Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” од ИПАРД Програмата 2014-2020 во врска со спроведување на овој Јавен повик од јануари 2020 година се наменети за следните подсектори:

  •  Растително производствo;
  • Сточарско производство;
  • Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделско стопанство;
  • Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 налагаат претходно склучување на договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.
Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.

Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.

НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисниците по мерка 1 “ Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” од ИПАРД Програмата 2014- 2020 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.
Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтресираните можат да ги добијат во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Телефон: 02 3097-460
Факс: 02 3097-454
е-mail адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk
www.pa.gov.mk

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Сектор за управување со ИПАРД
Телефон: 02 3134-477 лок: 113, 114 и 115
е-mail адреса: info@ipard.gov.mk
www.ipard.gov.mk

Агенција за поттикнување на развој во земјоделството
Телефон: 047 228-330
Факс: 047 228-370
www.agencija.gov.mk секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните баратели можат бесплатно да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.
(Контакт листа на регионални центри и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Инструмент за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија 2014-2020 надлежни лица е објавена на веб страните на надлежните институции).

2019-12-26T16:33:44+00:0023 декември 2019|Јавен Повик, Соопштение, Соопштенија|