ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 (Кратка верзија)

Дома » ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 (Кратка верзија)

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 (Кратка верзија)

  1. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следните мерки:
    Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи
  2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
  3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:
    • 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи.
  4. Крајниот рок за поднесување на барањата е 14 јануари 2019 година.
  5. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 13.178.668,00 евра или 810.422.183,74 ден.
  6. Подигнување на обрасци и упатства:

Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ како и„Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020“ за секоја мерка одделно во кој се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План, Упатства за издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации во електронска верзија може да се превземат на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

  1. Начин на поднесување на барањето:

Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 за поединечна мерка, Деловен План изработен согласно Упатството за изработка на Деловен План и придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.

Пополнетото барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 заедно со Деловниот план и целокупната потребна документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 01/2018 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

Јавен Повик_01_2018-кратка-верзија

Јавен Повик_01_2018-долга-верзија

УПАТСТВО ЗА КОРИСНИЦИ

2018-11-30T14:14:08+00:00ноември 30th, 2018|Јавен Повик|