Бабовски: На барање на бизнис заедницата, продолжен рокот за аплицирање за користење на средства од ИПАРД 2 Програмата 2014 – 2020

Дома » Бабовски: На барање на бизнис заедницата, продолжен рокот за аплицирање за користење на средства од ИПАРД 2 Програмата 2014 – 2020

Бабовски: На барање на бизнис заедницата, продолжен рокот за аплицирање за користење на средства од ИПАРД 2 Програмата 2014 – 2020

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите заинтересирани субјекти дека за 15 дена е продолжен рокот за поднесување на барања за користење на средства од ИПАРД 2 Програмата 2014 – 2020, Мерка 3 „ Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи.“

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски вели дека на барање на бизнис заедницата, АФПЗРР донесе одлука да се продолжи рокот за аплицирање за Мерка 3 „ Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи.“ Целта на продолжувањето на рокот за поднесување на барањта е стопанствениците да достават комплетни и квалитетни апликации.

„Очекуваме дека со овој дополнителен период ќе им овозможиме на стопанствениците да ги соберат сите потребни документи за да подготват инвестициони проекти кои во сите делови ќе ги задоволат условите кои се пропишани во ИПАРД Прогрмата, со што ќе се овозможи поголема искористеност на средствата. Со оваа Мерка овозможуваме унапредување на домашните преработувачки капацитети како и зголемена конкурентност на секторот за преработка на земјоделски производи во Република Македонија.“ –изјави Бабовски

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатства за корисниците на ИПАРД, може да се преземат од интернет страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или на www.pa.gov.mk, како и лично, во приемницата на Агенцијата, и во нејзините регионални центри, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Сите заинтересирани кои сакаат да користат финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014- 2020 информации за начинот на изготвување и доставување на барања како и практични совети во делот на подготвување на документите може да добијат и во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.

2019-01-30T21:51:36+00:0024 декември 2018|Соопштение, Соопштенија|