Последна недела на инфо денови за ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » Последна недела на инфо денови за ИПАРД Програмата 2014-2020

Последна недела на инфо денови за ИПАРД Програмата 2014-2020

Скопје, (04.11.2019)

Започнува последната недела од серијата инфо денови организирани од страна на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Нивните претставници во рамките на Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020 на веќе одржените 14 инфо денови ги информираа граѓаните и заинтересираните лица за можностите за искористување на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020. Изминатите инфо денови се реализираа во октомври покривајќи голем дел од државата, од Сопиште до Дојран и од Петровец до Вевчани, на 14 различни локации.

Инфо деновите ќе продолжат во уште 6 општини каде ќе се претстават мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ и мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Воедно, нивниот клучен фокус е мерка 7 затоа што сѐ уште има отворен повик, поточно Јавен повик број 01/2019 кој трае до 18-ти ноември 2019. Работата на вклучените институции и интересот на барателите на средства се големи и затоа искористеноста на ИПАРД фондовите е до 70%.

Последната недела на инфо денови фокусирани на диверзификација на фарми и развој на бизниси ќе се реализира согласно следниот распоред:

– 5. ноември 2019 (вторник) во Виница во 11.00 часот во Сала при Општина Виница

– 5. ноември 2019 (вторник) во Делчево  во 15.00 часот во просториите на Општина Делчево

– 6. ноември 2019 (среда) во Сарај во 10.00 часот во просториите во Општина Сарај

– 6. ноември 2019 (среда) во Брвеница во 14.00 часот во просториите на Општина Брвеница

– 7. ноември 2019 (четврток) во Крушево во 11.00 часот во Дом на културата “Наум Наумовски – Борче”

– 8. ноември 2019 (петок) во Кратово во 11.00 часот во  Дом на култура “Лазар Софијанов”

Информациите околу јавниот повик 01/2019, потребните документи, инфо деновите и информативното видео сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: https://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2019-11-04T13:47:22+00:004 ноември 2019|