Десетти состанок на комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » Десетти состанок на комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

Десетти состанок на комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

 

На 19ти мај 2022 година, во Струга, се оддржа десеттиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД 2014-2020. На состанокот на Комитетот, покрај редовните претставници (членови или нивни заменици), во улога на набљудувачи учествуваа и претставници од ГД за земјоделство при Европс, Управувачката структура, Платежната агенција, Ревизорското тело и Телото за управување со ИПАРД. Со Комитетот претседаваше Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин. Реџаил Исмаили.

На десеттиот состанок, Комитетот беше информиран за напредокот во реализацијата на програмата и степенот на спроведување на целите, мерките и инвестициите од ИПАРД, превземените активности за комуникација и публицитет на програмата и реализацијата на акцискиот план за јавни набавки од мерката техничка помош за 2022 година (АПТА 2022), како и за усвојувањето на ИПАРД Програмата 2021-2027 и донесувањето на правните акти  неопходни за спроведување на програмата.

Како дел од веќе воспоставената пракса на состаноците на комитетот и овој пат членовите/нивните заменици на комитетот и набљудувачите посетија успешно реализиран ИПАРД проект – Винарија Охрид. Покрај веќе оставареното искуство со реализирање на ИПАРД инвестицијата, присутните се запознаа и со интенциите за развој на винаријата и плановите за користење на ИПАРД во иднина.

Во продолжение се дадени дневниот ред и придружните материјали за 10от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД.

 

1. Нацрт дневен ред_10КС ИПАРД II

2. Нацрт записник 9МК

3. Информација за спроведени одлуки и заклучоци_КС ИПАРД II_10ти

5.1 Информација за напредокот на активностите на АФПЗРР

5.2 Информација за резултатите од спроведувањето на ИПАРД Програмата_10ти МК

6. ГИС 2021 финален нацрт_мк

7.1 Информација напредокот во спроведување на АПТА 2022_10ти МК

7.2 Извештај за комуникација и публицитет_КС ИПАРД II_10ти

8 Информација НАО_МЦС

9.1 Напредок на активности поврзани со евалуација на ИПАРД Програма 2014-2020_КС ИПАРД II_

10.1 Информација за статусот на ИПАРД Програма 2021-2027_КС ИПАРД II_10ти

2022-06-01T11:59:02+00:001 јуни 2022|