10ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД 

Дома » 10ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД 

10ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД 

Десеттиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД ќе се одржи во Скопје на 13 јули 2012 година. Со состанокот ќе претседава државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Перица Иваноски, како заменик претседател. На состанокот ќе присуствуваат претставници на Европската комисија во нивната советодавна функција при работата на Комитетот.

Членовите, кои ги претставуваат партнерските организации и владините институции и агенции, како и дополнително поканети набљудувачи, претставници на донаторската заедница, науката и образованието, економските и социјалните партнери, по овој повод ќе разговараат за резултатите од спроведувањето на ИПАРД Програмата и поврзани прашања со програмирање и имплементација. Комитетот ќе донесува заклучоци за подобрување на ефективноста и ефикасноста на ИПАРД Програмата 2007-2013 и комуникациски активности за 2012 година и други прашања во рамките на своите овластувања.

Присуството на средбата е само со покана. Повеќе детали ќе бидат достапни по средбата, на веб-страницата на ИПАРД Програмата.

2014-06-18T15:59:03+00:0010 јули 2012|