ЗАВРШУВААТ ИПАРД ИНФО ДЕНОВИТЕ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 01/2012

Дома » ЗАВРШУВААТ ИПАРД ИНФО ДЕНОВИТЕ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 01/2012

ЗАВРШУВААТ ИПАРД ИНФО ДЕНОВИТЕ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 01/2012

Kalinka_logo - Small
Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, оваа недела завршува со организирање ИПАРД инфо денови во општините.Денеска во Свети Николе и Кочани, а утре Валандово и Струмица.  

На ИПАРД инфо деновите ќе се презентираат целите, мерките и придобивките од ИПАРД Програмата за Република Македонија, како и условите и критериумите  за одобрување на проекти и користење на средствата од ИПАРД Програмата и можностите за модернизација на македонскиот земјоделско прехрамбен сектор.

Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој спроведе низа ИПАРД инфо презентации за  успешно промовирање на ИПАРД  Програмата и запознавање на пошироката јавност за можноста и достапноста на ИПАРД фондовите. Информативната кампања беше спроведена низ градовите и општините на Република Македонија и земјоделците како потенцијални крајни корисници и пошироката јавност беше запознаена со целта и придобивките од ИПАРД Програмата за Република Македонија, како и со условите и критериумите  за одобрување проекти и користење на средствата од ИПАРД Програмата. Реализацијата на ИПАРД инфо деновите допринесува кон успешно промовирање на ИПАРД Програмата и запознавање со можностите и начините за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, како и запознавање на претставниците од МЗШВ со проблемите кои наидуваат потенцијалните корисници при поднесување на барањата за  користење на средствата од ИПАРД Програмата.

РАСПОРЕД НА ИПАРД ИНФО ДЕНОВИ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 01/2012 

2014-06-18T13:39:47+00:0014 мај 2012|