ИЗМЕНА НА ПРЕТХОДНА НАЈАВА
за објавување на Јавен повик 01/2012 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013)
Во Претходната најава за објавување на Јавен повик 01/2012 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013), објавена во печатените медиуми на 28.01.2012 година, првиот пасус кој се однесува на рокот за објавување на јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година “Службен весник на Република Македонија“ број 83/2009 од 03.07.2009 година) се менува и гласи: “Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во втората половина на месец март 2012 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година “Службен весник на Република Македонија“ број 83/2009 од 03.07.2009 година)“. Сите останати рокови и услови од Претходната најава остануваат непроменети. Горенаведените промени на Претходната најава се составен дел од истата. НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик. Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки заинтресираните можат да ги добијат во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Факс: 02 3097-454
Тело за управување со ИПАРД Телефон: 02 3109-809 Факс: 02 3110-887 е-mail адреса: info@ipard.gov.mk
Агенција за поттикнување на развој во земјоделството Телефон: 047 228-330 Факс: 047 228-370 www.agencija.gov.mk секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните земјоделски производители можат да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството. (Контакт листа на регионални центри и надлежни лица е објавена на веб страните на надлежните институции). |