Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја исполнува функцијата на Секретаријат на Комитетот и постојано асистира во неговата работа. Секретаријатот ги обезбедува сите релевантни информации за напредокот на мерките и доколку е соодветно и под-мерките, за да може Комитетот да ги извршува своите одговорности и задачи, особено:
а) Прибира и/или изготвува и поднесува до членовите на Комитетот, документи и материјали (извештаи, анализи и предлози), неопходни за работата на Комитетот;
б) Ја организира и извршува подготовката на состаноците на Комитетот и асистира при неговата работа;
в) Изработува протокол и дневен ред за состаноците на Комитетот;
г) Одговорен е за водење на евиденција и документирање на сите изјави и одлуки, донесени на состаносите на Комитетот;
д) Ја координира имплементацијата на одлуките на Комитетот и потребната размена на информации помеѓу засегнатите страни;
ѓ) Помага на Претседавачот на Комитетот во исполнување на своите обврски;
е) Обезбедува мерки за информирање на јавноста, поврзани со работата на Комитетот;
ж) Извршува други задачи и функции доделени од Раководителот на Телото за управување со ИПАРД, а во врска со работата на Комитетот.
з) Обезбедува технички и логистички аранжмани, вклучително превод и други услуги, како би се овозможило ефикасно учество во дискусиите и одлучувањето на Комитетот;
ѕ) Целокупната коресподенција што е во врска со активностите на Комитетот се доставува до Секретаријатот на Комитетот.
Контакт на Секретаријатот за комуникација е info@ipard.gov.mk со назнака „За Комитет за следење на ИПАРД“