Почитувани, во врска со вашето прашање за користење на средства за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027, ве известуваме дека:
Согласно ИПАРД Програмата 2021-2027, Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ не се прифатливо инвестиции во пчелни матици и пчелни роеви.
Согалсно Листата на прифатливи трошоци за мерка 7, прифатливои се инвестиции во е опрема за пчеларство, производство на мед и други пчелни производи, приколки за транспорт на сандуци за одгледување на пчели итн. Подетални информации може да добиете во Упатство за корисници за мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси кое може да го спуштите од официјалната страна на ИПАРД www.ipard.gov.mk. , Прилог 1 – Детална листа на прифатливи трошоци).
Воедно, Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година, мерка 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“дава можност за аплицирање и добивање на поддршката во на нови инвестиции за следните намени: во набавка на пчелни матици и пчелни роеви од одобрени одгледувалишта согласно Законот за зоотехника и набавка на опрема во пчеларството. Подетални информации може да добите на следнава web страна https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/RuralenRazvoj/9.
Почитувани, согласно објавената претходна најава за објавување на Јавен повик по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” од ИПАРД Програмата 2021-2027 секторите за кои сакате да аплицирате (житни култури, индустриски и фуражни култури) се прифатливи и истите ќе бидат објавени со Јавниот повик 01/2025.
По однoс на прифатливост на инвестиции во опремата која ја посочувате, ве информираме дека истатa е прифатлива во делот на “Набавка на нова земјоделска опрема и механизација за растително производство”, мотокултиватори и приклучна механизација, опрема и механизација за подготвителни активности при обработка на почвата, садење, наводнување, одводнување, опрема за берба (исклучувајќи комбајни), опрема за контрола и заштита.
По однос на инвестициите во трактори, нивната прифатливост ќе зависи од расположивиот буџет, имајки во предвид дека прифатлив буџет за инвестиции во трактори изнесува 20% од расположивиот буџет по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанствва”. Доколку се прифатливи инвестициите во трактори, истите ќе бидат објавени во Јавниот повик 01/2025 и Упатаството за крисници по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”.
Почитувани, ИПАРД Програмата 2021-2027 е програма која овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.
Електронска верзија на ИПАРД Програмата 2021-2027 е достапна на следниов линк (https://ipard.gov.mk/mk/%d0%b8%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%b4-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b0-2021-2027/).
Согласно правилата за спроведување на ИПАРД Програмата постои поделба на надлежностите, каде Телото за управување со ИПАРД е надлежно за подготвување и дефинирање на критериумите на Програмата, додека Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е надлежна институација за спроведување на ИПАРД Програмата 2021-2027 и објавување на Јавните повици.
Согласно ИПАРД Програмата, иницијално треба да утврдите во која од мерките се поддржува вашата намера за инвестиција (проект) и да следите објавување на Јавен повик по соодветната мерка од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за да може да поднесете апликација.
Јавни повици по ИПАРД Програмата 2021-2027, се објавуваат на официјалните web страни на ИПАРД (www.ipard.gov.mk) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk) и сите потребни документи и упатства за аплицирање на јавниот повик може да ги најдете на гореневедените веб страни.
Еден месец пред да се објави Јавниот повик се објавува претходна најава за објавување на Јавен повик на веб страната на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk), и на веб страната на Телото за Управување со ИПАРД (www.ipard.gov.mk).
Напомена: Потребните документи и упатства за аплицирање се ажурираат пред секој објавен Јавен повик.
Доколку сте заинтересирани за аплицирање по некоја од мерките на ИПАРД Програмата 2021-2027, редовно следете ги официјалните web страни на ИПАРД (www.ipard.gov.mk) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk) и доколку имате дополнителни прашања, може повторно да не контактирате преку нашата официјална е-маил адреса (info@ipard.gov.mk) или директно во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на ул. Ленинова бр. 2 Скопје.
Ве информираме дека во Упатството за корисници по соодветна мерка од ИПАРД Програмата 2021-2027 дадено е ”Oбјаснување за видовите претпријатија земени во предвид при пресметка на бројот на вработени и финансиските износи” во кое детално е претставен начинот на калкулација на големина на претпријатието.
Почитувани, во тек е Јавен Повик за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“, објавен на 12.02.2025 година со краен рок до 29.03.2025 година.
Еден од секторите кои се прифатливи за финансиска поддршка на оваа мерка е:
– Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма: (1) млеко и млечни производи; (2) јајца, месо и производи од месо; (3) овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури; (6) шира од грозје, сок од грозје, вино;
Прифатливите инвестиции во секторот „Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма“ вклучуваат:
Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за пост-бербени активности, за преработка и маркетинг на земјоделски производи на ниво на земјоделско стопанство (како што се простории за пост-бербени активности, простории за ладење, пакување, калибрирање, производствени простории, магацински и продажни пунктови), помошни објекти (на пример објекти за подготовка на суровина , магацин за жито и магацини за чување на готови производи) вклучувајќи ги и оние за заштита при работа и заштита на животната средина (на пример третман на отпад, магацини за биомаса и недвижен имот за вода/третман на отпадни води) и потребната опрема (наведена во Деталната листа на прифатливи трошоци за мерка 1 – Прилог 2 од Упатството за корисници за мерка 1).
Вашата планирана инвестиција во “изградба на објект за примарна обработка на земјоделски производи – магацински простор со комори, во кои ќе се врши: прием, чистење, калибрирање на калинката во три класи (во магацинскиот простор), пакување во соодветна амбалажа и нејзино соодветно чување (во коморите)” е прифатлива во секторот „Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма“ согласно објавениот Јавен повик 01/2025 за мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“.
Инвестиција во фотоволтаици и реконструкција на покрив на објект за преработка на печурки и сливи е прифатливо за ко-финансирање по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“ Детелен приказ на Листата на прифатливи трошоци е дадена како прилог од Упатствот за корисници по мерка 3.
Поддршка на инвестиции во основни средства во објекти за производство на кондиторски производи се прифатливи за ко-финансирање по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.
Изградба на фарма за одгледување на крави не е прифатлива за кофинансиарње по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“. Овој тип на инвестиици се поддржуваат по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”.
Сите баратели по мерка 1 „Инвестиции во основни средствана земјодлски стопанства“ треба да докажат дека земјиштето и/или објектот каде се планира инвестицијата се во сопственост на барателот или барателот да има право на користење на земјиштето/објектот во времетраење од најмалку 7 години од датумот на поднесување на барањето.
Набавка на машина за преработка на лешник е прифатлива за ко-финансирање по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“. Детелен приказ на Листата на прифатливи трошоци е дадена како прилог од Упатствот за корисници по мерка 3.
Согласно критериумите на ИПАРД Програмата 2021-2027 реализираната инвестиција не смее да се отуѓува или изнајмува најмалку 5 години по последната исплата.
Ве информираме дека фотоволтаични панели и машина за сушење на овошје се прифатливи за ко-финансирање по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“. Детелен приказ на Листата на прифатливи трошоци е дадена како прилог од Упатството за корисници по мерка 3.
Поддршка на инвестиции во рурален туризам се прифатливи за ко-финансирање во мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“.
Ве информираме дека на крајот на инвестицијата корисникот треба да ги исполни националните стандарди кои се во целост усогласени со европските стандарди. Детален приказ по однос од обврските за исполнување на соодветните национални стандарди согласно различните сектори и типови на инвестиции се дефинирани во Упатството за корисници по мерка 3, додека потребните документи се дефинирани во Барањето за финансиска поддршка по мерка 3.
Поддршка на инвестиции во основни средства за производство и преработка на мед се прифатливи инвестиции за ко-финансирање во мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“.
Ве информираме дека производство на јајца од јапонска препелица е прифатливо за ко-финансирање по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ во секторот Алтернативно земјоделско производство.
Согласно критериумите за финансиака поддршка по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027, се поддржува ко-финанисрање на инвестиции за цвеќарство. Воедно во Упатството за корисници по мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” детално се дефинирани критериумите за прифатливост на доставените проекти кои се однесуваат на инвестиции во цвеќарство (хортикултура).
Согласно административните процедури на Агенцијата, заедно со барањето треба да бидат доставени и сите пропратни општи и посебни документи соодветно на типот на инвестиција.
Данок на додадена вредност (ДДВ) не е прифатлив трошок по ИПАРД Програмата 2021-2027.
Доколку сте користеле финансиска поддршка во основни средства за занаетчиска дејност преку други институации, домашни или странски донори/проекти, за истите типови на инвестициски активности не може да аплицирате преку ИПАРД III Пограмата, со цел да се избегне двојно финансирање на ист тип на инвестиции. Но доколку планирате да барате финансиска поддршка за друг тип на инвестициски активности кои не биле предмет на поддршка, може да аплицирате преку мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027.
Да, инвестициски активности во рибарство се поддржуваат преку мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД Програмата 2021-2027. Во Упатството за корисници по мерка 1 детално се дефинирани сите критериуми за прифатливост на доставените проекти кои се однесуваат на инвестиции.
Прифатливи се инвестиции во објекти и опрема за мерење на метереолошки параметри на ниво на земјоделско стопанство. Деаталната листа на прифатливи трошоци е дадена како прилог на Упатствотo за корисници по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“.
Прифатливи сектори по кои може да се аплицира по Јавниот повик 01/2025 за мерка 1 Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства во растителното производство се:
(1) житни култури, (2) индустриски и фуражни култури, (5) лозови насади (само вински сорти), (6) други култури од Анекс I кои не се поддржани во рамките на Мерката 7.
Сите корисници кои аплицираат за инвестиции поврзани со растително производство во времето на поднесување на барањето треба да покажат постоење на земјоделско земјиште регистрирано во Единствениот регистер на земјоделски стопанства со минималната големина во зависност од дејноста на растително производство која е предмет на инвестиции, како што следи:
- најмалку 1 ха земјоделско земјиште во случај на инвестиции за одгледување на винова лоза, житни култури, индустриски култури и фуражни култури.
Фуражните култури како подсектор се прифатливи во мерка 1 од ИПАРД Програмата 2021-2027. Прифатливите трошоци во механизација детално се претставени во Листата на прифатливи трошоци која е дадена како прилог од Упатството за корисници по мерка 1 и е објавена на веб страните на ИПАРД www. ipard.gov.mk и Платежната Агенција ipardpa.gov.mk.
Инвестиции за производство и продажба на обновливи извори на енергија, се прифатлив сектор во мерка 7 “ Диверзификација на фарми развој на бизниси” од ИПАРД Програмата 2021-2027 каде се поддржуваат инвестиции во:
- преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, освен биомаса од рибни производи;
- преработка на земјоделски производи за производство на биогориво;
- преработка на шумска биомаса;
- производство на енергија од обновливи извори (сонце и ветер).
Телото за упарвување со ИПАРД нема целосен увид на допставената апликација за да може да оцени дали бараниот трошок е прифатлв, но доколку се работи за барање на одговор за прифатливи трошоци по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” каде во Листата на прифатливи трошоци се дефинирани прифатливи трошоци по приоритетни сектори т.е во сектор “Набавка на опрема за пост-бербени активности, преработка на земјоделско стопанство и директен маркетинг” на сопственото производство, прифатливи се трошоци за набавка на опрема за прием, откуп и складирање на земјоделски производи.
Доколку планираната набавка се однесува на “набавка на бокс палети (кошеви) од 300 кг” кои влегуваат како основни средства и се наменети како опрема за прием, откуп и складирање на земјоделски производи, тогаш планираната набавка е прифатлива за ко финансиарње.
Телото за упарвување со ИПАРД нема целосен увид на допставената апликација за да може да оцени дали бараниот трошок е прифатлв, но доколку се работи за барање на одговор за прифатливи трошоци по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” каде во Листата на прифатливи трошоци се дефинирани прифатливи трошоци по приоритетни сектори т.е во сектор “Набавка на опрема за пост-бербени активности, преработка на земјоделско стопанство и директен маркетинг” на сопственото производство, прифатливи се трошоци за набавка на опрема за прием, откуп и складирање на земјоделски производи.
Доколку планираната набавка се однесува на пластични гајби од 20 кг кои би се користеле како амбалажа тогаш овој вид на трошок влегува во група на оператвни (материјални) трошоци кои не се прифатливи по ИПАРД.
Согласно критериумите на прифатливост по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027, инвестиции во изградба на бунар се поддржуваат како прифатливи трошоци (Прилог 1 од Упатство за корисници по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси).
Согласно административните процедури на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кои се објавени и во Упатството за корисници стои “потенцијалниот корисник на средствата треба да поднесе „барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014 – 2020“ по соодветната мерка. Барањето треба да биде коректно и читливо пополнето на македонски јазик и кирилично писмо. Заедно со барањето треба да бидат доставени и сите пропратни општи и посебни документи соодветно на типот на инвестиција. Барањата, комплетирани со целокупната документација, затворени во плик на кој на горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВАРАЈ за Јавен повик ИПАРД бр. XX/XXXX“ како и мерката за која се поднесува барањето, да бидат доставени:- по препорачана пошта на адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој ул. „3-та Македонска бригада“ бр.20 зграда на Македонија Табак блок Ц 1000 Скопје, или лично на рака во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), на истата адреса.
Барањето за финансиска подршка кое не ја содржи потребната придружна документација во моментот на поднесувањето на барањето, Агенцијата ќе го одбие како некомплетно.
Инвестициите во рурален туризам се поддржуваат во Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027.
Потребните информации по однос на можностите и критериумите за аплицирање се достапни на официјалната web страна на Телото за управување со ИПАРД (https://www.ipard.gov.mk).
Подетално, потребните документи и упатства за аплицирање во секторот рурален туризам од мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027 може да ги сименте на следниов линк:
Напомена: Потребните документи и упатства за аплицирање за ажурираат пред секој објавен Јавен повик.
Доколку сте заинтересирани за аплицирање на некој од следните Јавни повици по Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ ИПАРД Програмата 2021-2027, редовно следете ги официјалните web страни на Телото за управување со ИПАРД (https://www.ipard.gov.mk) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (http://www.ipardpa.gov.mk).
Во тек е Јавен Повик за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“, објавен на 12.02.2025 година со краен рок до 29.03.2025 година.
Сектори кои се прифатливи за поддршка по тековниот Јавен повик 01/2025 се:
- Растително производство: (1) житни култури, (2) индустриски и фуражни култури, (5) лозови насади (само вински сорти), (6) други култури од Анекс 1 кои не се подржани во рамките на мерка 7.
- Сточарство: (1) Говеда (за млечно говедарство и гоење), (2) свињи (за репродукција и гоење), (3) овци и кози (за млечно овчарство, козарство и гоење), (4) живина (кокошки несилки, пилиња одгледувани за производство на месо – бројлери), (5) други култури од Анекс 1 кои не се подржани во рамките на мерка 7;
Согласно листата на прифатливи трошоци во мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ во двата гореневедени сектори, прифатливи се трошоците во набавка на опрема/земјоделска механизација како: косилки, сенопревртувачи, сенобалирачка, косачки за фураж, косачка за сено итн.
Доколку вашите производи се во функција на косење, истите се прифатливи како трошоци согласно мерка 1 од ИПАРД Програмата 2021-2027.
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е надлежна институација за спроведување на Јавните повици. Во тек е Јавен Повик за доставување на барања за користење на средства по мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“, објавен на 12.02.2025 година со краен рок до 29.03.2025 година.
Сите потребни документи и упатства за аплицирање на јавниот повик може да ги најдете на следниот линк ( https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/32 ).
Согласно мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД Програмата 2021-2027, прифатливи се инвестиции во градба и набавка на машини и опрема за преработка на кафе. (Упатство за корисници за Мерка 3 – Прилог 3).
Во мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027 прифатливи се инвестиции во градба и набавка на машини и опрема за преработка на зачински и ароматични растенија. (Упатство за корисници за Мерка 7 – Прилог 1).
Во Мерка 3 корисници може да бидат: правни лица регистрирани во Централниот регистар во ранг на микро, мало, средно и големо претпријатие, додека во мерка 7 корисници може да бидат правни лица регистрирани во Централниот регистар во ранг на микро и мали претпријатија.
Подетални информации може да добиете во Упатство за корисници за Мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ и Упатство за корисници за Мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ кои може да ги спуштите од официјалната страна на ИПАРД https://www.ipard.gov.mk.
Доколку сте заинтересирани за аплицирање на јавен повик по ИПАРД Програмата 2021-2027, редовно следете ги официјалните web страни на ИПАРД (www.ipard.gov.mk) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk).
ИПАРД Програмата 2021-2027 е програма која овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.
Електронска верзија на ИПАРД Програмата 2021-2027 е достапна на следниов линк ( https://ipard.gov.mk/mk/%d0%b8%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%b4-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b0-2021-2027/ ).
ИПАРД Програмата 2021-2027 овозможува апликантите кои се млади земјоделци (од 18 до 40 години) да користат зголемена финансиска поддшка по:
Мерка 1 ,, Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства ” каде се прифатливи следниве сектори:
- растително производство;
- сточарство;
- рибарство;
- преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производтво на фарма;
- производтсво на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.
Финансиската поддршка предвидена со оваа мерка изнесува 70% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и/или земјоделски стопанства кои се сертифицирани како органски произведители за предметна инвестиција.
Подетални информации за мерка 1 ,, Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства ” од ИПАРД Програмата 2021-2027 се достапни во Упатството за корисници за мерка – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства на следниов линк:
https://ipard.gov.mk/wp-content/uploads/2025/02/%D0%A3%D0%9F%D0%90%D0%A2%D0%A1%D0%A2%D0%92%D0%9E-%D0%97%D0%90-%D0%9A%D0%9E%D0%A0%D0%98%D0%A1%D0%9D%D0%98%D0%A6%D0%98-%D0%9C1.pdf
Мерка 7 „ Диверзификација на фарми и развој на бизниси “” каде се прифатливи следниве сектори :
- Инвестиции во алтернативно земјоделско производство (кое не е поддржано според мерките 1 и 3);
- Праработка на алтернативни земјоделски производи (кое не е поддржано според мерките 1 и 3);
- Инвестиции во производство на храна и пијалаци (вода, пијалаци и пиво);
- Поддршка на занаетчиски активности;
- Поддршка на услуги за руралното население само следните подсектори;
- Поддршка на услуги во земјоделство за следниот подсектор;
- Поддршка на руралниот туризам.
Финансиската поддршка предвидена со оваа мерка односно процентот на кофинансирање по оваа мерка може да се зголеми до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.
Подетални информации за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027 се достапни во Упатство за корисници за мерка – Диверзификација на фарми и развој на бизниси на следниов линк:
https://ipard.gov.mk/wp-content/uploads/2024/11/%D0%A3%D0%9F%D0%90%D0%A2%D0%A1%D0%A2%D0%92%D0%9E-%D0%97%D0%90-%D0%9A%D0%9E%D0%A0%D0%98%D0%A1%D0%9D%D0%98%D0%A6%D0%98-%D0%97%D0%90-%D0%9C%D0%95%D0%A0%D0%9A%D0%90-7-%D0%94%D0%98%D0%92%D0%95%D0%A0%D0%97%D0%98%D0%A4%D0%98%D0%9A%D0%90%D0%A6%D0%98%D0%88%D0%90-%D0%9D%D0%90-%D0%A4%D0%90%D0%A0%D0%9C%D0%98-%D0%98-%D0%A0%D0%90%D0%97%D0%92%D0%9E%D0%88-%D0%9D%D0%90-%D0%91%D0%98%D0%97%D0%9D%D0%98%D0%A1%D0%982.pdf
Јавни повици по ИПАРД Програмата 2021-2027, се објавуваат на официјалните web страни на ИПАРД ( https://www.ipard.gov.mk ) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (http://www.ipardpa.gov.mk ).
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( http://www.ipardpa.gov.mk ) е надлежна институација за спроведување на Јавните повици, сите потребни документи и упатства за аплицирање на јавниот повик може да ги најдете тука.
Напомена: Потребните документи и упатства за аплицирање се ажурираат пред секој објавен Јавен повик.
Доколку сте заинтересирани за следните повици по ИПАРД Програмата 2021-2027, редовно следете ги официјалните web страни на ИПАРД (https://www.ipard.gov.mk) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (http://www.ipardpa.gov.mk) и доколку имате дополнителни прашања, за специфичен вид на инвестиција по објавен Јавен повик може повторно да не контактирате.
ИПАРД Програмата 2021-2027 е програма која овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.
Електронска верзија на ИПАРД Програмата 2021-2027 е достапна на следниов линк (https://ipard.gov.mk/mk/%d0%b8%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%b4-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc%d0%b0-2021-2027/ ).
Вашата иницијатива е прифатлива во Мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од ИПАРД Програмата 2021-2027.
Подетални информации за Мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од ИПАРД Програмата 2021-2027 се достапни во Упатството за корисници за мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи кое е достапно на следниов линк (chrome-extension://efaidnbmnnnibpcajpcglclefindmkaj/https://ipard.gov.mk/wp-content/uploads/2024/04/%D0%A3%D0%9F%D0%90%D0%A2%D0%A1%D0%A2%D0%92%D0%9E-%D0%97%D0%90- %D0%9A%D0%9E%D0%A0%D0%98%D0%A1%D0%9D%D0%98%D0%A6%D0%98-%D0%97%D0%90-%D0%9C%D0%95%D0%A0%D0%9A%D0%90-3-%D0%98%D0%9F%D0%90%D0%A0%D0%94-III.pdf ).
Согласно правилата за спроведување на ИПАРД Програмата постои поделба на надлежностите, каде Телото за управување со ИПАРД е надлежно за подготвување и дефинирање на критериумите на Програмата, додека Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е надлежна институација за спроведување на ИПАРД Програмата 2021-2027 и објавување на Јавните повици.
Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството е надлежна советодавна институција која помага при подготовка на проектите при Мерка 1, по однос на другите мерки може да се користат приватни консултанти чиј ангажман е прифатлив трошок по ИПАРД Програмата т.е трошоците за нивно ангажирање се предмет на финансиска поддршка.
Јавни повици по ИПАРД Програмата 2021-2027, се објавуваат на официјалните web страни на ИПАРД (www.ipard.gov.mk ) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk) и сите потребни документи и упатства за аплицирање на јавниот повик може да ги најдете на гореневедените веб страни.
Еден месец пред да се објави Јавниот повик се објавува претходна најава за објавување на Јавен повик на веб страната на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk), и на веб страната на Телото за Управување со ИПАРД (www.ipard.gov.mk).
Напомена: Потребните документи и упатства за аплицирање се ажурираат пред секој објавен Јавен повик.
Доколку сте заинтересирани за аплицирање по некоја од мерките на ИПАРД Програмата 2021-2027, редовно следете ги официјалните web страни на ИПАРД (www.ipard.gov.mk) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk) и доколку имате дополнителни прашања, може повторно да не контактирате преку нашата официјална е-маил адреса (info@ipard.gov.mk) или директно во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на ул.Ленинова бр. 2 Скопје.
Приоритениот сектор “Инвестиции за производство на не-прехрамбени производи” во Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027 поддржува инвестиции во не-прехрамбени производи.
Во прилог 14 на ИПАРД Програмата 2021-2027 се дефинирани прифатливите дејности за не-прехрамбени производни активности согласно Националната класификација на дејности (НКД). ИПАРД Програмата 2021-2027 и следствено предметниот прилог 14 може да го превземете на следниот линк:
chrome-extension://efaidnbmnnnibpcajpcglclefindmkaj/https://ipard.gov.mk/wp-content/uploads/2023/07/%D0%98%D0%9F%D0%90%D0%A0%D0%94-%D0%9F%D0%A0%D0%9E%D0%93%D0%A0%D0%90%D0%9C%D0%90-2021_2027-_-%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0-MK.pdf
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk) е надлежна институација за спроведување на Јавните повици и сите потребни документи и упатства за аплицирање на јавниот повик може да ги превземет на официјаниот линк на Агенција www.ipardpa.gov.mk.
Напомена: Потребните документи и упатства за аплицирање се ажурираат пред секој објавен Јавен повик. Сите апликации подготвени според стари упатства и барања за финансиска поддршка не се прифатливи.
Доколку сте заинтересирани за аплицирање по Јавен повик по Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ ИПАРД Програмата 2021-2027, редовно следете ги официјалните web страни на Телото за управување со ИПАРД (www.ipard.gov.mk) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk).
Инвестициите во рурален туризам се поддржуваат во Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027.
Во моментов нема активни јавни повици по ИПАРД Програмата 2021-2027.
Пред објавување на Јавен повик Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како надлежна институција за спроведување на ИПАРД Програмата 2021-2027 (www.ipard.gov.mk) објавува претходна најава со која се најавува објавување на Јавен повик по одредена мерка/и од ИПАРД Програмата 2021-2027. Потоа следува објавување на Јавен повик по поединечни мерки на ИПАРД Програмата 2021-2027.
Јавни повици се објавуваат на официјалната web страна на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и сите потребни документи и упатства за аплицирање на јавниот повик може да ги најдете на официјалната веб страна на Агенцијата www.ipard.gov.mк.
Напомена: Потребните документи и упатства за аплицирање се ажурираат пред секој објавен Јавен повик.
Доколку сте заинтересирани за аплицирање по некоја од мерките на ИПАРД Програмата 2021-2027, редовно следете ги официјалните web страни на ИПАРД (www.ipard.gov.mk) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk).
Доколку имате дополнителни прашања, може да не контактирате преку нашата официјална е-маил адреса (info@ipard.gov.mk) или директно во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на ул. Ленинова бр. 2 Скопје.