Glossary Terms

Дома » Glossary Terms

Целна група

Претставува група/субјект врз која проектот ќе има позитивно влијание на ниво на целта на проектот.

2014-09-09T01:36:42+00:009 септември 2014|

Финансиска рамка

Претставува повеќегодишен план за трошоци што ги отсликува приоритетите на Европската унија со финансиски термини.Таа поставува ограничувања на трошоците на Европската унија за одреден период и на тој начин воведува [...]

2014-09-09T01:36:14+00:009 септември 2014|

Техничка спецификација

Претставува документ што го изработува нарачателот, а со кој се поставуваат барањата и/или целите во однос на набавка на стока или на изведување на работи, специфицирајќи ги, таму каде што [...]

2014-09-09T01:34:44+00:009 септември 2014|

Техничка помош

Се однесува на помошта од стручњаци, консултанти, обучувачи, советници итн., кои потпишале договор за пренесување знаење и искуство, како и на формирање и зајакнување на институциите.

2014-09-09T01:34:19+00:009 септември 2014|

Тендер

Претставува писмена или официјална понуда за набавка на стока или за давање услуги по договорена цена.

2014-09-09T01:33:59+00:009 септември 2014|

Тело за управување со ИПАРД

Тоа е јавен орган, или тело на национално ниво, назначено од земјата- членка или од земјата-кандидат за членство кога ја спроведува функцијата, да управува со помошта од претпристапните фондови.

2014-09-09T01:33:31+00:009 септември 2014|

Стратегија

Претставува избор на приоритетни активности според: итноста на потребите што треба да се задоволат, сериозноста на проблемите што треба да се решат, како и можностите на активностите предвидени како успешни. [...]

2014-09-09T01:32:12+00:009 септември 2014|

Спроведување

Претставува оперативен процес, потребен за да се добијат очекуваните  резултати. Спроведувањето ги опфаќа сите или опфаќа дел од следниве задачи: мобилизирање и распределба на добиените средства; определување на раководните одговорности [...]

2014-09-09T01:28:18+00:009 септември 2014|