8 состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » 8 состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

8 состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020

Во Скопје, на 3ти јуни 2021 година се оддржа осмиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД 2014-2020. Со состанокот претседаваше Г-дин Реџаил Исмаили, државен секретар во Министерство за земјоделство шумарство и водостопнство. Состанокот беше организиран преку интернет платформа имајќи ја во предвид тековната состојба со Ковид-19 пандемијата.

На 8-тиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020, покрај членовиите на Комитетот за следење на ИПАРД, присуствуваа и претставници на Телото за управување со ИПАРД, претставници на ИПА оперативната структура, претставници од Делегацијата на Европската Унија, како и претставниците на Генералниот директорат за земјоделство.

Членовите на Комитетот како и останатите присутни на состанокот се информираа за напредокот во реализацијата на ИПАРД Програмата 2014-2020, капацитетите на ИПАРД структурата во земјава и планови за нивно зголемување вклучувајќи ја информацијата за плановите за реалокација на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во нови простории. На состанокот се разговараше и за предлогот за трета измена (модификација), активностите по однос на проценка (евалуација), како и активностите за публицитет на тековната ИПАРД Програма 2014-2020.

Воедно на состанокот се дискутираше и за подготовката на ИПАРД Програмата за следниот програмски период 2021-2027. Од страна на претставниците на Генералниот директорат за земјоделство досегашните активности по однос на подготвување на ИПАРД Програмата 2021-2027, беа оценети како доста успешени и едни од најнапредните од сите земји кориснички на ИПАРД.

Во продолжение се приложени материјалите кои беа презентирани и дискутирани за време состанокот.

Нацрт дневен ред_8ми состанок на Комитетот за следење на ИПАРД

Нацрт записник_7ми состанок на Комитетот за следење на ИПАРД

3. Информација за спроведени одлуки и заклучоци_КС ИПАРД II_8ми

5.1. Информација на АФПЗРР во однос на ИПАРД Програмата 2014-2020_КС ИПАРД II_8ми

5.2 Информација за резултатите од спроведување на ИПАРД_КС ИПАРД II_8ми

6. Информација за ГИС за 2020 година_КС ИПАРД II_8ми

7.1 Информација за трета модификација на ИПАРД Програма 2014-2020_КС ИПАРД II_8ми

8.1 Информација за спроведување на АПТА 2021

8.4 Извештај за комуникација и публицитет_КС ИПАРД II_8ми

9. Информација за функционирање на системот за следење и контрола_КС ИПАРД II_8ми

10.1 Напредок на активности поврзани со евалуација на ИПАРД Програма 2014-2020_КС ИПАРД II_8ми

11.1 Информација за подготовка на ИПАРД Програма 2021-2027_КС ИПАРД II_8ми

Одлуки и заклучоци од осми КС_ИПАРД 2014-2020

Записник од 8 состанок на КС

2023-04-06T13:02:09+00:004 јуни 2021|