Со цел да се рационализира претпристапната помош (за периодот 2007-2013 година) што ЕУ ја обезбедува за потенцијалните членки, Советот ја донесе Регулативата (ЕЗ), бр. 1085/2006 од 17 јули 2006 година, за воспоставување на инструмент за претпристапна помош (ИПП/IPA). ИПП/IPA има за цел да обезбеди насочена помош за земјите што се кандидатки и за потенцијалните кандидатки за членствово ЕУ. На ИПП/IPA и претходеа претпристапните инструменти: Фаре/ Phare, ИСПП/ISPA, СППЗРР/Sapard, и на тој начин се обедини на една единствена правна основа целата претпристапна помош. Целта на ИПП/IPA е да им помогне на земјите во транзиција да станат членки на ЕУ, од потенцијални кандидатки преку земји-кандидатки.