Комитетот за следење на ИПАРД е одговорен за следење на ефективноста и квалитетот на ИПАРД Програмата во однос на програмските цели. Комитетот за следење на ИПАРД се состои од претставници од органи на државна управа, агенции, економски, социјални партнери и организации од областа на животната средина. Претставници на Европската Комисија, НИПАК, НАО, и Директорот на ИПАРД Агенцијата учествуваат во работата на Комитетот за следење на ИПАРД.