Рурален развој

Дома » Glossary Terms » Рурален развој

Рурален развој

Руралниот развој е тесно поврзан со заедничката земјоделска политика и со мерките за поддршка на вработувањето. Според тоа, мерките за поддршка во овој сектор традиционално се базираат на различни правни инструменти, кои се во функција на различни цели.
Преку врската со земјоделските активности и нивното пренаменување, руралниот развој особено се занимава со: модернизација на фарми; безбедност и квалитет на прехранбени производи; стабилни приходи за земјоделците; предизвици на животната средина; дополнителни активности или активности што создаваат нови работни места, во обид да се запре иселувањето од селата и да се зајакне економско-социјалната структура во руралните средини; подобрување на животните и на работните услови и унапредување на еднаквите можности.
Мерките за рурален развој, наменети да ги достигнат овие цели, поделени се во две категории: мерки за поддршка на агроекологијата, пошумување и програма за помалку повластени области и мерки за модернизирање и диверзификација на фармите: инвестирање во фармите, програми за започнување производство од страна на млади земјоделци, обука, поддршка на инвестиции за погони за обработка и маркетинг, дополнителна помош за шумарството, унапредување и преструктурирање на земјоделството.

2014-09-09T01:26:37+00:009 септември 2014|