Glossary Terms

Дома » Glossary Terms

Проект

Проект е серија од активности чија цел е да се постигнат јасно одредени цели во одреден временски период и со дефиниран буџет.

2014-09-09T01:24:28+00:009 септември 2014|

Програмирање

Се однесува на повеќегодишни развојни програми, а е резултат на процес со кој се донесуваат одлуки преку партнерство. Самиот процес има бројни етапи чија завршница се мерките што се преземаат [...]

2014-09-09T01:24:11+00:009 септември 2014|

Програма

Претставува организиран збир на финансиски, организациски и човечки ресурси, ангажирани за постигнување на некоја цел или низа на цели во одреден временски период. Програмата е ограничена во однос на планот [...]

2014-09-09T01:23:41+00:009 септември 2014|

Прифатливи трошоци

Се сите оние трошоци, кои согласно ЕУ и националналното законодавство, можат да бидат предмет на финансиска поддршка од страна на АФПЗРР.

2014-09-09T01:23:27+00:009 септември 2014|

Претпристапна помош

Претпристапната помош им помага на земјите што се кандидатки за членство во Европската унија да ги исполнат условите за пристапување. Потребни се значителни инвестиции за да можат земјите-кандидатки да ги [...]

2014-09-09T01:23:10+00:009 септември 2014|

Погон

Градежна целина (фабрика, складиште и сл.) каде што: се извршува производствена дејност, каде што се создаваат, складираат, преработуваат производи и/или каде што се даваат/извршуваат услуги.

2014-09-09T01:22:33+00:009 септември 2014|

Повеќегодишна индикативна програма – ПИП/MIP

Претставува документ заснован на Документот за стратегија на земјата, со кој се утврдени  приоритетите што се договорени со владата на земјата-корисничка. Се подготвува за одреден временски период, дава индикативни суми по [...]

2014-09-09T01:22:07+00:009 септември 2014|

Платежна агенција

Платежната агенција спроведува мерки според заедничката земјоделска политика и мерки според националната земјоделска политика. Една платежна агенција извршува функции на: примање, контролирање и одобрување на побарувањата, сметководство и извршување на [...]

2014-09-09T01:21:45+00:009 септември 2014|

Оцена на влијанието врз животната средина (OВЖС/EIA)

Претставува студија на сите реперкусии на одделен проект за природната животна средина. ОВЖС/EIA е задолжителен чекор во некои земји при изборот на главни инфраструктурни проекти.

2014-09-09T01:21:20+00:009 септември 2014|