Комитет за следење на ИПАРД II
Комитетот за следење на ИПАРД се формира за да ги следи ефективноста и квалитетот на спроведувањето на ИПАРД II Програмата со цел да се постигнат програмските цели. Комитетот ги извршува задачите и обврските кои се однесува на следното:
а. да осигура дека ефективноста и квалитетот на Програмата ги исполнуваат целите.
б. поднесува извештаи до Комитетот за следење за ИПА и доставува информации кои првенствено се однесуваат на:
(а) постигнатиот напредок во спроведувањето на ИПАРД Програмата, по приоритетна оска и, каде што е соодветно, по мерки или активности; тука се вклучуваат и постигнатите резултати, финансиските показатели за спроведување и други фактори кои се утврдуваат заради подобрување на спроведувањето на ИПАРД II Програмата;
(б) сите аспекти на функционирањето на системот за управување и контрола покренати од Ревизорското тело за ИПА, од Националниот координатор за авторизација или од Националниот службеник за акредитација.
в. во врска со критериумите за избор на финансираните активности се консултира Комитетот за следење на ИПАРД во рок од четири месеци од одлуката за одобрување на ИПАРД II Програмата. Критериумите за избор се ревидираат во согласност со потребите на програмата.
г. ги испитува резултатите од ИПАРД II Програмата, особено постигнувањето на поставените цели за различните мерки и напредокот во користењето на финансиските средства доделени за тие мерки и оние кои се доделени за подмерките во рамките на мерките кога ИПАРД Програмата вклучува такви доделувања на средства. Во тој поглед, Телотото за управување ги обезбедува сите релевантни информации за напредокот на мерките и, доколку е соодветно, на подмерките, и ги доставува до Комитетот и на Националниот ИПА Координатор.
д. периодично го ревидира направениот напредок во постигнувањето на целите утврдени во Програмата. За таа цел, на Комитетот првенствено треба да му биде на располагање следново:
а) информации за сите сектори во кои се очекуваат потешкотии;
б) информации за резултатите од спроведените проверки; и
в) листа и карактеристиките на сите одобрените проекти и неодобрени проекти.
ѓ. го разгледува и одобрува, кога е соодветно, секој предлог до Комисијата за измена на ИПАРД Програмата.
е. во консултации со Телотото за управување и ИПАРД Агенцијата, дава предлози до Комисијата и наНационалниот ИПА Координатор, со примероци за Националниот координатор за авторизација и за КАО, измени или ревизии на ИПАРД II Програмата за да го обезбеди постигнувањето на целите на програмата и да ја подобри ефикасноста на обезбедената помош
ж. ги разгледува и одобрува годишните и завршните извештаи за спроведување на Програмата пред тие да се испратат до Комисијата, Националниот службеник за акредитација, Националниот ИПА Координатор иНационалниот координатор за авторизација, со примерок за ревизорското тело.
з. го проверува тековното и среднорочното оценување на Програмата
ѕ. го разгледува и одобрува Планот за комуникација, како и сите подоцнежни ажурирања на планот.
и. секоја година го разгледува и одобрува годишниот акционен план за активностите од техничка помош.
ј. за секоја посета и семинари како дел од активностите од техничка помош кои не се на иницијатива на Комисијата, Комитетот добива пишан извештај.
к. дава мислење по секое прашање, ако е тоа предвидено со Програмата.
Комитетот се формира од страна на земјата корисник по потпишување на првиот повеќегодишен финансиски договор и истиот треба да е составен од претставници на релевантните органи и тела и на соодветните економски, социјални партнери и партнерски организации за заштита на животната средина.
Во Република Македонија, Комитетот за следење на ИПАРД е формиран од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, а со него претседава Заменик Министерот Ванчо Костадиновски
Комитетот се состои од владини и невладини претставници, како што е наведено во Анекс, и се назначенуваат како што е наведено во параграфите А) и Б) од овој член. Претседавач назначен од Министерот е Заменик Министер Ванчо Костадиновски . Сите членови, вклучувајќи го и Претседавачот имаат право на глас.
Структурата на членството на Комитетот за следење на ИПАРД во Република Македонија е следната:
A) Владини претставници:
-Претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
-Претставник од Министерство за екомомија
– Претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање
-Претставник од Министерство за локална самоуправа
-Претставник од Министерство за култура
-Претставник од Министерството за транспорт и врски
-Претставник од Министерството затруд и социјална политика
– Претставник од Секретаријат за европски прашања
– Претставник од Агенција за поттикнување на развој на земјоделството
-Претставник од Агенција за поддршка за претприемаштвото
– Претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство
Сите претставници треба да се државни службеници, најмалку на ниво на Раководител на сектор или Државен советник.
Б) Невладини претставници:
– Претставник од Сојуз на стопанска комора на Македонија.
-Претставник од Стопанска Комора на Македонија.
-Претставник од Македонска асоцијација на преработувачи
-Претставник од Федерација на фармери на Македонија
-Претставник од Сојуз на земјоделци на Македонија
-Претставник од Комора на занаетчии
-Претставник од Асоцијацијата на земјоделци
– Претставник од Здружение на жени земјоделки Агровинка – Виница
– Претставник од Факултетот за земјоделски науки и храна
– Претставник од Факултет за земјоделски науки и храна УГД Штип
– Претставник од Здружение на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС)
– Претставник од Мрежа за рурален развој
-Претставник од Факултет за ветеринарна медицина – Скопје
– Претставник од Македонско еколошко друштво
Членовите се одговорни да учествуваат во работата на Комитетот и соодветно да ги претставуваат интересите на институцијата која ги назначила, но пред се треба да ги претставуваат интересите на Програмата.
Претставниците на Европската Комисија, Националниот координатор за авторизација, Директорот на ИПАРД Агенцијата и Раководителот на Телото за управување со ИПАРД, учествуваат на состаноците на Комитетот но без право на глас.
Комитетот ќе има кворум за донесување на одлуки на состанокот, доколку 2/3 од членовите со право на глас или нивни заменици се присутни, вклучувајќи го и Претседавачот.
Стручните и административните работи за поддршка на работата на Комитетот за следење на ИПАРД II ги врши Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во согласност со одредбите од Деловникот за работа.
Поддршка на работата на Комитетот за следење ИПАРД II од страна на Телото за управување со ИПАРД се состои од подготовка на состаноците, изготвување и доставување на документи, и особено доставување на релевантни информации за прогресот во реализацијата на мерките од ИПАРД II Програмата.