Комитетот за следење на ИПАРД го усвои Деловникот за работа, во консултација со Телото за управување со ИПАРД, ИПАРД Агенцијата и Европската Комисија во 2009 година. Деловникот за работа е изготвен согласно Упатствата од Европската Комисија и во согласност со Деловникот за работа на ИПА Комитетот за следење.
Со Деловникот за работа утврдени се одговорностите и задачите на Комитетот, задачите на Секретаријатот, улогата на Претседавачот, прават и обврските на членовите, постапката за избор и промена на членови, комуникација со јавност, постапките и процедурите за одлучување, формирање на работни групи за поддршка на процесот на одлучување и останати одредби за работа на Комитетот.