Kомуникација и Публицитет на ИПАРД 2014-2020

Дома » НАСТАНИ » Kомуникација и Публицитет на ИПАРД 2014-2020
Kомуникација и Публицитет на ИПАРД 2014-20202019-08-06T00:13:07+00:00

Aктивности за комуникација и публицитет на ИПАРД Програмата 2014-2020

 

Aктивностите во рамки на Кампањата за публицитет на ИПАРД Програмата 2014-2020 се предвидени во Годишен акциски план за публицитет и комуникација на ИПАРД Програмата 2014-2020 за 2019 година, и се спроведуваат во согласност со истиот. Планираните активности поодделно се однесуваат на:

  • Организација на ИПАРД инфо едукативни денови со промовирање на успешни примери;
  • ИПАРД форум за поуспешно спроведувањето на ИПАРД  2014 – 2020
  • ИПАРД работилници  за изготвување на ИПАРД барања
  • Појавувања/ прилози во пишани и електоронски медиуми;
  • Годишно објавување на листата на крајни корисници на средства од ИПАРД Програмата;
  • Изработка и дистрибуција на Барања за користење на средства и Упатства посветени на ИПАРД 2014 – 2020,
  • Изработка и дистрибуција на брошури посветени на промоција на ИПАРД 2014 – 2020
  • Изработка на постери посветени на промоција на ИПАРД 2014 – 2020
  • Изработка и објава  на аудио и видео спотови
  • Ажурирање на веб страница www.ipard.gov.mk

Институции кои имаат одговорност за спроведување на горенаведените активности и тоа соодветно со надлежностите и функциите кои ги извршуваат се: Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).