НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Дома » НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ2020-02-21T11:29:40+00:00

Временската рамка на обработка на барањето до потпишување на договор зависи од бројот на пристигнати барања, но како што е објавено во јавниот повик дека само комплетни барања се обработуваат, рокот на обработка значително ќе се скрати. Согласно процедурите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, рокот на обработка на поединечно барање е 6 (шест) месеци од денот на завршувањето на јавниот повик.

Ве информираме дека во Упатството за корисници по мерка 3 на страна 42 дадено е ” Oбјаснување за видовите претпријатија земени во предвид при пресметка на бројот на вработени и финансиските износи” во кое детално е претставен начинот на калкулација на големина на претпријатието. Инаку по мерка 3 се прифатливи како баратели правни лица во ранг на микро, мали и средни претпријатија.

Ве информираме дека во делот на обработка на апликација до потпишување на договорот не се бара тој сартификат, само се гледа дали земјата од која е набавена опремата е прифатлива за набавка на истата. Пред исплата заедно со барањето за исплата треба да се достави или сартификат за квалитет или некој друг документ кој потврдува за квалитетот на опремата.

Ве информираме дека градба на објект за преработка на овошје и зеленчук е прифатлив за ко-финансирање во мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Воедно прифатливи се и објекти (административен простор), помошни објекти (складирање, гаражи, итн). Детелен приказ на Листата на прифатливи трошоци е дадена како прилог 2 од Упатствот за корисници по мерка 3 (стр.20).

Веднаш по завршувањето со обработка на јавниот повик по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ а во зависност од расположивиот буџет може да се очекува објавување на следен јавен повик за истата мерка.

Инвестиција во фотоволтаици и реконструкција на покрив на објект за преработка на печурки и сливи е прифатливо за ко-финансирање по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“ Детелен приказ на Листата на прифатливи трошоци е дадена како прилог 2 од Упатствот за корисници по мерка 3 (стр.20).

Поддршка на инвестиции во основни средства во објекти за производство на кондиторски производи не се прифатливи за ко-финансирање по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Овој тип на инвестиции се поддржуваат по мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Изградба на фарма за одгледување на крави не е прифатлива за кофинансиарње по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“. Овој тип на инвестиици се поддржуваат по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”.

Сите баратели по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“ треба да докажат дека земјиштето и/или објектот каде се планира инвестицијата се во сопственост на барателот или барателот да има право на користење на земјиштето/објектот во времетраење од најмалку 7 години од датумот на поднесување на барањето.

Набавка на машина за преработка на лешник е прифатлива за ко-финансирање по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“. Детелен приказ на Листата на прифатливи трошоци е дадена како прилог 2 од Упатствот за корисници по мерка 3 (стр.20).

Согласно акредитираните процедури за одобрување на исплати во Агенцијата, доколку се задоцни со набавка на опремата до 10 дена се одбиваат 2% од вкупно прифатливите трошоци, ако се задоцни 20 дена се одбиваат 10% од вкупно прифатливите трошоци, ако се задоцни повеќе од 30 дена тогаш се одбива целата инвестиција.

Согласно критериумите на ИПАРД Програмата 2014-2020 реализираната инвестиција не смее да се отуѓува или изнајмува најмалку 5 години по последната исплата.

Ве информираме дека фотоволтаични панели и машина за сушење на овошје се прифатливи за ко-финансирање по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“. Детелен приказ на Листата на прифатливи трошоци е дадена како прилог 2 од Упатството за корисници по мерка 3 (стр.20).

Задругите се прифатливи како потенцијални корисници по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.

Поддршка на инвестиции во рурален туризам се прифатливи за ко-финансирање во мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“.

Ве информираме дека на крајот на инвестицијата корисникот треба да ги исполни националните стандарди кои се во целост усогласени со европските стандарди. Детален приказ по однос од обврските за исполнување на соодветните национални стандарди согласно различните сектори и типови на инвестиции се дефинирани во Упатството за корисници по мерка 3, додека потребните документи се дефинирани во Барањето за финансиска поддршка по мерка 3.

Поддршка на инвестиции во основни средства за производство и преработка на мед се прифатливи инвестиции за ко-финансирање во мерка 7„Диверзификација на фарми и развој на бизниси“.

Ве информираме дека производство на јајца од јапонска препелица е прифатливо за ко-финансирање по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ во секторот Алтернативно земјоделско производство.

Вкупната вредност на прифатливите трошоци по корисник по мерка 3 за целиот програмски период 2014-2020 е ограничена на 4.500.000 евра, во денарска противредност, од која може да добие финансиска поддршка до 2.250.000 евра, во денарска противвредност, без разлика од бројот на реализиарани проекти.

Согласно критериумите за финансиака поддршка по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020, се поддржува ко-финанисрање на инвестиции за цвеќарство. Воедно во Упатството за корисници по мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” детално се дефинирани критериумите за прифатливост на доставените проекти кои се однесуваат на инвестиции во цвеќарство (хортикултура).

Согласно административните процедури на Агенцијата, заедно со барањето треба да бидат доставени и сите пропратни општи и посебни документи соодветно на типот на инвестиција. Што се однесува до документот за дозвола за градба ќе може да го доставите најкасно 1 година по датумот на поднесување на барањето за користење на средства, но не покасно од датумот на носење на решение за одобрување на средства и потпишување на договoр со Агенцијата.

Данок на додадена вредност  (ДДВ) не е прифатлив трошок по ИПАРД  Програмата 2014-2020.

Доколку сте користеле финансиска поддршка во основни средства за занаетчиска дејност преку други институации, домашни или странски донори/проекти, за истите типови на инвестициски активности не може да аплицирате преку ИПАРД II Пограмата, со цел да се избегне двојно финансирање на ист тип на инвестиции. Но доколку планирате да барате финансиска поддршка за друг тип на инвестициски активности кои не биле предмет на поддршка, може да аплицирате преку мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Да, инвестициски активности во рибарство се поддржуваат преку мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020. Во Упатството за корисници по мерка 7 детално се дефинирани сите критериуми за прифатливост на доставените проекти кои се однесуваат на инвестиции.

Игнис 2018 ДООЕЛ е компанија која се занимава со преработка на отпадно дрво во дрвен чипс кој понатака се користи како гориво, во индустријата за производство на пелети и при производството на електрична енергија од био маса. Компанијата има предвидено во 2019 година да инвестира во сопствена машина, специјално возило за остварување на дејноста. Возилото се состои од влекач на кој е поставена комадната кабина на специјалното возило и приколка која претстваува добилица на отпадното дрво (фотографии во прилог). Ваквото возило е од особена важност за земјоделците ширум Македонија бидејќи го решава нивниот проблем за вадење на економски неисплатливи насади, поради старост на насадите или поради неатрактивноста на сорите, со цел подигнување нови насади. Возилото е димензионирано на тој начин што може да пристапува и до потешко пристапни терени односно да ги задоволи сите потреби на земјоделците, во било кој дел од територијата на Македонија. Игнис 2018 ДООЕЛ планира да аплицира во наредниот повик на ИПАРД II за Мерка 3 Диверзификација на фармите и развој на бизниси и тоа во делот за Воспоставување на услуги за изнајмување на земјоделска механизација и машини. Ве молиме да ни дадете Ваше мислење дали ваквата инвестиција може да биде поддржана во оваа мерка.

– Доколку делот од возилото (како што е претходно опишано – влекач со командна кабина) е делив од делот „дробилица на отпадно дрво“ инвестицијата би можела да биде прифатлива во смисла на кофинансирање на трошокот за „дробилицата“. Во секој случај барателот ќе мора да докаже функционалност на инвестицијата односно во случај на делливост на инвестицијата да докаже дека ќе го поседува и погонскиот и команден дел. Друг аспект на кој треба да се внимава кај ваков тип на инвестиција е и одредбата од член 33, став 6, алинеја 1 и особено член 11 од Секторската спогодба.

– Според листата на прифатливи трошоци на мерка 1 прифатливи инвестиции се: опрема за мерење на внатрешна и надворешна температура, влажност на почва и воздух, опрема за анализа на почва и стерилизација.

Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот за земјоделско производство (како што се објекти за одгледување на добиток, скалдирање на храна, оддел за размножување, пластеници и/или стакленици и расадници, објекти за пост-бербени активности, итн), помошни објекти (пример складови за чување на храна и сточна храна, силажа, амбари /силоси итн.), вклучувајќи ги и оние што се користат за сместување на земјоделските машини и опрема, заштита при работа на работниците во земјоделството, заштита на животната средина (на пример за ѓубриво и септички јами, складишта за биомаса, недвижен имот за вода / канализација / третман на кашеста маса, складишта за силажа, објекти за заштитни средства на растителното производство складирање на вештачки ѓубрива, итн) како и потребната опрема.

Лозовите насади кои се во сопственост или се изнајмени од страна на барателот мора да бидат регистрирани во Националниот регистар за лозови насади пред поднесување на конечното барање за исплата.

Следните видови на корисници може да аплицираат и да имаат корист од мерка 1 се:

  1. Земјоделски стопанства
  2. Земјоделски задруги
  3. Земјоделско стопанство кое е регистрирано во Единствениот регистар на Земјоделски стопанства при МЗШВ (во понатамошниот текст познат како Регистар на фарми”) може, во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој, да аплицира и да ужива корист од оваа мерка.

Земјоделското стопанство може да биде регистрирано во Регистарот на фарми како семејно земјоделско стопанство претставувано од физичко лице или од индивидуален земјоделски производител или како земјоделско стопанство претставувано од правно лице.

Семејното земјоделско стопанство го претставува физичко лице кое е член на земјоделското домаќинство. Физичкото лице е овластено, од страна на сите други членови од земјоделското домаќинство, да го претставува земјоделското стопанство пред надлежните органи и да управува со него. Овластениот претставник и останатите членови на земјоделското домаќинство мора да живеат на иста адреса која е наведена како седиште на земјоделското стопанство, без оглед на локацијата на земјоделскиот имот (земјиште и објекти).

Индивидуален земјоделски производител е физичко лице кое се занимава со земјоделство за негови / нејзини лични потреби како сопственик на земјоделскиот имот или кој има право на користење на фарма добиено преку склучување законски договор со нејзиниот сопственик и е регистриран во Регистарот за земјоделски производители при МЗШВ или како Индивидуален земјоделски производител во Пензискиот Фонд. Индивидуалниот земјоделски производител е регистриран како семејно земјоделско стопанство во Регистарот на фарми.

Правното лице кое претставува земјоделско стопанство мора да биде регистрирано во Централниот регистар во согласност со Законот за трговски друштва.

  1. Земјоделска задруга која е регистрирана како таква во Централниот регистар според Законот за задруги првенствено се занимава со земјоделска дејност, преработка на земјоделски производи и / или услуги кои се директно поврзани со земјоделските активности.
  • Следните типови на баратели можат да аплицираат и да користат поддршка во

рамките на мерка 3:

Правни лица, кои се регистрирани во Централниот регистар како правни лица во согласност со Законот за трговските друштва и кои вработуваат помалку од 250 лица, и кои имаат годишен обрт кој не надминува 50 милиони евра, и/или годишен биланс на состојба кој не надминува 43 милиони евра, што одговара на сегашната дефиниција за мали и средни претпријатија (МСП) којашто е содржана во Препораката на Комисијата 2003/361/ЕЗ.

Покрај бројот на вработени, едно претпријатие исто така се квалификува како мало или средно, ако го исполнува условот за годишен обрт или вкупен биланс на состојба, но не и двата.

Категорија на претпријатие Број на вработени Годишен обрт или вкупен биланс на состојба
средно < 250 ≤ 50 милиони € ≤ 43 милиони €
мало < 50 ≤ 10 милиони € ≤ 10 милиони €
микро < 10 ≤ 2 милиони € ≤ 2 милиони €

Новоформираните претпријатија ќе се проценуваат врз основа на предвидениот број на вработени, годишен обрт или вкупен биланс на состојба, кој треба да се постигне како што е предвидено во предлог Технички Проектен/Бизнис план, но не го надминува опсегот на мали и средни претпријатија.

Оценувањето на кандидатите се врши од страна на ИПАРД Агенцијата

–    Барателот треба да ги обезбеди сите потребни документи кои се побарани од него дали  при поднесување на барањето или на крајот од инвестицијата во зависност кога е побаран документот. Во листата на документи како дел од упатството си пишува кој документ кога треба да се обезбеди.

–   На денот на одобрување тој мора да прикаже површина која го исполнува минимум што е пропишан во програмата зависно за што аплицирал. За подеталната постапка ке се обратите до Платежната Агенција

– Фуражните култури се прифатливи преку ИПАРД 2014-2020 Програмата. Од земјоделска механизација тракторите не се прифатливи. Механизацијата која е прифатлива е наведена во Листата на прифатливи трошоци Прилог 2 како дел од упатството и е објавена на веб страните на ИПАРД и Платежната Агенција.

– Земјоделската механизација што е прифатлива е наведена во Листата на прифатливи трошоци Прилог 2 како дел од упатството и е објавена на веб страната на ИПАРД и на Платежната Агенција.

– Во ИПАРД 2014-2020 Програмата е наведено дека за набавка на механизација треба да има минимум еден хектар растително производство кое е регистрирано во СИЗП. А за се друго што е прифатливо во оваа програма си важат критериумите наведени во програмата. Од механизацијата како што е наведено во упатството на овој јавен повик тракторите не се прифатливи. Барателот може да прикаже површина од 1ха на мешовито производство и само житарица овоштарство итн15. Дали може АФПЗРР точно да наведи која е таа земјоделска механизација за која земјоделецот треба да има мин 1 ха (нема во упатството).

– Барателот треба да го исполни сите критериуми кои се пропишани во ИПАРД Програмата 2014-2020, во овој случај доколку прашувате за мерка 1 сите баратели по мерка 1 треба да ги исполнат критериумите кои се бараат по мерка 1.

– Доколку кај вас се појави барател за користење средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 по мерка 1, истиот (барателот) треба соодветно да ги ажурира податоците во ЕРЗС при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Имајќи предвид дека одржливоста на насадот треба да се докаже во 7 годишен период а животниот век на јагодата е 3-4 години, јагодите не се прифатливи во Мерка 1. Јагодите се прифатливи во Мерка 7 како Алтернативно земјоделско производство за производство на расад.

– Производство и продажба на обновливите извори на енергија, соларна енергија, ветер, вода, геотермална енергија се прифатлива инвестиција во Мерката „Диверзификација на фарми и мали бизниси“, која е дел од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Поддржаната инвестиција од оваа мерка треба да е во руралните подрачја. Листата на рурални подрачја е дел од програмата и е објавена на страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Корисници на оваа мерка можат да бидат Физички лица, Правни лица кои се регистрирани во Централниот регистар  како микро и мали претпријатија и Задруги.

Спроведувањето на оваа мерка започнува со објавување на јавен повик за доставување на барање за користење средства од ИПАРД II програмата од страна на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Прифатливи инвестиции во мерката се: Набавка и/или инсталирање на нови машини и/или опрема за заштита на животната средина (енергетска ефикасност, контролирани климатски услови, третман на отпад и нус-производи и валоризација, третман на отпадна вода/канализација, преработка на животинска или растителна примарна и секундарна биомаса), вклучувајќи и обезбедување на електрична енергија и/или греење со користење обновливи ресурси. Производството на енергија треба да биде за сопствени потреби и за продажба.

Инвестициите треба да се реализираат на имот кој е во сопственост на барателот. Во случај на инвестициски проекти, кои се реализираат на имот кој не е во сопственост на барателот се доставува договор за  право на користење или друг документ со кој се докажува право на користење на имотот на кој  се реализира инвестицијата, за период од најмалку седум години од денот на аплицирање за поддршката.

Најмалку едно одговорно лице на правното и физичкото  лице треба да е во редовен работен однос или да биде ангажиран под договор со времетраење од не помалку од пет години.

Корисникот треба да ги исполнува релевантните национални стандарди за заштита на животната средина, јавното здравје и заштита при работа на крајот на реализацијата на инвестицијата.

Помош може да биде доделена на корисници, чии инвестициони проекти покажуваат финансиска/економска одржливост. Економската и финансиската одржливост ќе се оценува врз основа на технички предлог проект или деловен план. Во случај на проекти кои имаат вкупен буџет под 50.000 евра, финансиската одржливост треба да се покаже преку технички предлог проект. Во случај на проекти кои имаат вкупен буџет од над 50.000 евра, економската одржливост треба да се демонстрира преку деловен план.

Барателот треба да покаже можности за континуитет на работењето во текот на најмалку пет години по реализација на инвестицијата.

Сите набавки реализирани со средства од оваа програма треба да потекнуваат од прифатлива земја и тоа:

­           Земји членки на ЕУ, земји кандидати за ЕУ наведени во Анекс I на Регулативата (EУ) бр. 231/2014, договорни страни на Договорот за Европската економска област и партнерските земји опфатени со Европскиот инструмент за соседство (ЕНИ) и

­           Земји за кои е воспоставен реципрочен пристап до надворешната помош од страна на Европската комисија во согласност со условите утврдени во точка (е) од член 9 (1) од Регулативата (EУ) бр 236/2014.

Доколку износот на набавката е под 100.000 евра во денарска противредност  правилата за потекло не се применуваат.

Финансиската поддршка или вкупните јавни трошоци (75% фондовите на ЕУ + 25% национално кофинансирање) кои се исплаќаат во вид на кофинансирање на инвестицијата во рамки на оваа мерка нема да ја надминуваат стапката од 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.

Најниска вредност на вкупни прифатливи трошоци за инвестициски проект изнесува 1.500 евра во денарска противредност.

Во случај на инвестициски проект за постројки за производство и продажба на енергија произведена од обновливи извори, вкупните прифатливи трошоци не треба да надминат  3.000.000 евра во денарска противредност.

Пакетот за потребни документи за доставување на барање за користење на средства во рамки на оваа мерка (вклучувајќи Упатство за корисници, листа на потребни документи,  обрасци на технички предлог проект/деловен план, упатства за пополнување на формулари и други насоки за корисници) ќе биде објавен во електронска форма на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во печатена форма.

За инвестици кои вклучуваата набавка на машини и опрема, исплатата ќе се врши како единствена исплата на крајот на инвестицијата. За инвестиции кои вклучуваат активности за изградба/реконструкција, исплатата може да се направи на  две рати по избор на корисникот, утврдени во Договорот за финансиска поддршка склучен со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Инвестицијата за која корисникот добил поддршка не смее да се подложи на значителна измена во рок од пет години од денот кога е добиена конечната исплата.

– Согласно ИПАРД Програмата 2014-2020 Мерка Инвестиции во  материјални средства на земјоделски стопанства, глава 6 Специфични критериуми за прифатливост дефинира “1.Инвестициите кои се однесуваат на наводнување се ограничени на санација/надградба на постоечките системи за наводнување на имотот на земјоделското стопанство (во сопственост или со право на користење)” “Барателот кој предлага инвестиција во систем за наводнување на земјоделко стопанство, во Техничкиот предлог проект или Деловниот план треба да го елаборира постоечкиот систем за наводнување и неговата не ефикасност во смисла на потрошувачка на вода, како и на кој начин со употребата на поефикасниот систем за наводнување ќе придонесе за поефикасно користење на водата и водните резерви.”

Согласно листата на прифатливи трошоци за Мерка “Инвестиции во  материјални средства на земјоделски стопанства” прифатливи се трошоци во :

“Набавка на нова земјоделска опрема и механизација за секторот на растително производство кои во делот за наводнување се однесуваат на “опрема за систем на наводнување капка по капка, подземно наводнување, микро прскалки, наводнувавање со оросување или комбинација од нив (пумпи за вода, базени, танкови, резервоари, филтри, опрема за дистрибуција на вода, опрема за ферт-иригација, опрема за автоматско дозирање на вода за наводнување)”.

– Согласно ИПАРД Програмата 2014-2020 Мерка “Диверзификација на фармите и развој на бизниси” во Глава 7.3 Примери на прифатливи трошоци, точка 1 дефинира “Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот што се користи за прифатливите економски активности (како што се одгледување/култивација/производствени згради, складишта, згради за услуги, сместување, угостителство итн.), Помошни објекти (на пример, за суровини, за подготовка на материјали, продажни места, санитарни барања итн.), вклучувајќи го и оние објекти што се користи за заштита при работа, за заштита на животната средина (на пример, третман на отпад, складишта на биомаса, недвижен имот за третман на вода/отпадна вода итн.) и потребната опрема”.

Додека во во глава 7.4 (a) Материјални инвестиции “Набавка на градежни материјали и елементи за изградба или реконструкција на објекти,”

Следствено во листа на прифатливи трошоци по мерка “Диверзификација на фармите и развој на бизниси” прифатливи се трошоци во набавка на градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и подобрување на постојните објекти (објекти и инфраструктура до целосен функционален капацитет), како и пластеници/стакленици за:

  • инсталација/сместување на соодветната опрема;
  • достигнување на стандарди за заштита на животната средина;
  • обезбедување на хигиенски и санитарни услови;
  • обезбедување на административен простор.

Сите материјали кои се користат за изградба на подови, ѕидови и тавани, како и било какви премази и зглобни заптивки кои се користат во производни или услужни објекти погодни за поддршка во рамките на мерката: “Диверзификација на фармите и развој на бизниси”, како и за административниот простор, мало продажни продажни места, лабораториски и санитарни уредувања и инфраструктура поврзана со производствената или услужната дејност. Премази за ѕид, тавани, подни, ѕидни и тавански панели, покривки на цевки, врати, прозорци, систем за греење и проветрување (климатизација и прочистување на воздухот), одводнување, канализација, третман на отпад и систем за валоризација на отпадот, елементи за вода и производство на електрична енергија и снабдување (пумпни станици, артески бушотини), вклучувајќи практики за заштеда на енергија и користење на обновливи енергии.

– Инвестиции за производство и продажба на обновливи извори на енергија, (соларна енергија, ветер, вода, геотермална енергија, преработка на растителни и животински производи за производство на био гас и/или био гориво, преработка на шумска био маса, итн). се прифатлива инвестиции во Мерка 7 „Диверзификација на фарми и бизниси“, која е дел од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Согласно правилата и дефинираните критериуми на ИПАРД Програмата 2014-2020 година не се субвенционираат поволни кредити, туку се работи за ко-финансирање на одобрени и реализирани инвестиции кои се доделуваат во облик на финансиска поддршка, која по мерка 7 „Диверзификација на фарми и мали бизниси“ не надминува повеќе од 65% од вкупната вредност на прифатливите трошоци на инвестицијата.

– Согласно точка 5. Common Eligibility Criteria, 5.1. General requirements for support потребно е барателот во моментот на поднесување на барањето за финансиска подршка да прикаже регистрирано обработливо земјоделско земјиште и тоа минимум 1ха земјоделско земјиште во случај на инвестиции поврзани со земјоделска механизација за растително производство вклучително ливади и пасишта.

Во анекс 1 на ЛЕЕ „Ceiling for power of tractorper sector and size/capacity“, во однос на типот на производство „Mixed agricultural production including meadows and pastures“ наведено е дека потребно е барателот да има регистрирано во фарм регистарот површина од минимум 1 до 2 ха за набавка на трактор со максимална моќ од 60 kw. Доколку се јави барател кој што има регистрирано производство само на една култура, на пример 1ха лозов насад истиот не би бил прифатлив  под „ Fruit and vine production“ бидејќи согласно табелата минимумот што треба да го исполни е 2ха, согласно Анекс 1 од Листата на прифатливи трошоци а и согласно ИПАРД Програмата 2014-2020 потребно е да има минимум 1 ха растително производство што е опфатено со приоритетен  сектор, така да и да е истородна култура над 1ха не е никаква пречка за да може да аплицира за користење на ИПАРД средства само јачината на тракторот да не надминува 60kw.

– Согласно ИПАРД Програмата 2014-2020 Мерка “Инвестиции во физички средства на земјоделски стопанства” во Глава 4 Крајни корисници, точка 4.1. Видови на корисници,  земјоделската задруга која е регистрирана како таква во Централен регистер согласно Законот за задруги и се занимава првенствено со земјоделски активности, преработка на земјоделски производи и/или услуги кои директно се поврзани со земјоделските активности, може да аплицира и да користи финансиска поддршка од оваа програма.

Додека во Глава 5. Општи критериуми за прифатливост, точка 5.1. Основни критериуми за поддршка, подносителот на барањето – задругата која се занимава со земјоделска дејност треба да биде призната согласно Законот за земјоделски задруги и да биде регистрирана во Регистарот на Земјоделски задруги при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Сите апликанти кои аплицираат за инвестиции поврзани со производство на земјоделски култури во времето на поднесување на барањето мора да покажат постоење на употреблива земјоделска површина регистрирана во Системот за идентификација на земјишни парцели со минимална големина во зависност од дејноста која е предмет на инвестиции, а како што е утврдено во програмата во Мерка „Инвестиции во физички средства на земјоделски стопанства“ поглавје 5. Општи критериуми за прифатливост, 5.1. Основни услови за поддршка. Имајќи го предвид горенаведениот критериум како услов за поднесување и одобрување на барањето за финансиска поддршка истиот треба да се почитува и при поднесување на конечното барање за исплата односно минимум утврдената големина на земјоделски површини во зависност од дејноста која е предмет на инвестиции мора да биде евидентирана во Системот за идентификација на земјишни парцели. Воедно, при спроведување на барањата за исплата кај одобрените и реализирани проекти треба да се почитуваат и одредбите од Договорот за финансиска поддршка склучен помеѓу барателот и АФПЗРР.

– Во однос на прашањето за минимум потребни површини кај инвестиции во земјоделска механизација, согласно наведениот критериум во точка 1, став 1, алинеја 5 од поглавје 5. Општи критериуми за прифатливост, 5.1. Основни услови за поддршка, барателот на поддршката мора да покаже постоење на минимум 1 ха растително производство во случај на инвестиции во земјоделска механизација.

Телото за упарвување со ИПАРД нема целосен увид на допставената апликација за да може да оцени дали бараниот трошок е прифатлв, но доколку се работи за барање на одговор за прифатливи трошоци по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” каде во Листата на прифатливи трошоци се дефинирани прифатливи трошоци по приоритетни сектори т.е во сектор “Набавка на опрема за пост-бербени активности, преработка на земјоделско стопанство и директен маркетинг” на сопственото производство, прифатливи се трошоци за набавка на опрема за прием, откуп и складирање на земјоделски производи.

Доколку планираната набавка се однесува на набавка на бокс палети (кошеви) од 300 кг” кои влегуваат како основни средства и се наменети како опрема за прием, откуп и складирање на земјоделски производи, тогаш планираната набавка е прифатлива за ко финансиарње.

Телото за упарвување со ИПАРД нема целосен увид на допставената апликација за да може да оцени дали бараниот трошок е прифатлв, но доколку се работи за барање на одговор за прифатливи трошоци по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” каде во Листата на прифатливи трошоци се дефинирани прифатливи трошоци по приоритетни сектори т.е во сектор “Набавка на опрема за пост-бербени активности, преработка на земјоделско стопанство и директен маркетинг” на сопственото производство, прифатливи се трошоци за набавка на опрема за прием, откуп и складирање на земјоделски производи.

Доколку планираната набавка се однесува на пластични гајби од 20 кг кои би се користеле како амбалажа тогаш овој вид на трошок влегува во група на оператвни (материјални) трошоци кои не се прифатливи по ИПАРД.

Пчеларството како подсектор во секторот на “алтернативно земјоделско производство” е прифатлив за кофинансирање по мерка 7  “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”. Листата на прифатливи трошоци наменети за пчеларство детално е претставена како прилог 1 на “Упатството за корисници на средства по мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”. Согласно листата на прифатливи трошоци, прифатливо е и изградба/ реконструкција на објекти наменети за производство, доработка, преработка и пакување на мед.

По објавениот јавен повик 01/2019 за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” не се прифатливи самостојни инвестициски проекти во обновливи извори на енергија. Ако инвестициите во обновливи извори на енергија се наменети за сопствена потрошувачка како дел од некоја друга инвестиција (проект) како на пример: “Планирате инвестиција во рурален туризам во објект за сметување и барате подршка за сончеви колектори како обновливи извори на енергија, кои сe планираат за генерирање на енергија за потребите на  самиот објект за сметување, тогаш се прифатливи по Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Воедно во Упатството за корисници по мерка 7 детално се дефинирани сите критериуми за прифатливост како на инвестициите така и на прифатливите трошоци по секој тип на инвестиција (проект).

Согласно критериумите за финансиака поддршка по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020, се поддржува ко-финанисрање на инвестиции за цвеќарство. Воедно во Упатството за корисници по мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” детално се дефинирани критериумите за прифатливост на доставените проекти кои се однесуваат на инвестиции во цвеќарство (хортикултура).

Согласно критериумите на прифатливост по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2014-2020, не се поддржува ко-финанисирање на инвестиции во изградба на бунар. Изградба на бунар е прифатлива инвестиција по мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД Програмата 2014-2020 .

Согласно административните процедури на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кои се објавени и во Упатството за корисници стои “потенцијалниот корисник на средствата треба да поднесе „барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014 – 2020“ по соодветната мерка. Барањето треба да биде коректно и читливо пополнето на македонски јазик и кирилично писмо. Заедно со барањето треба да бидат доставени и сите пропратни општи и посебни документи соодветно на типот на инвестиција. Барањата, комплетирани со целокупната документација, затворени во плик на кој на горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВАРАЈ за Јавен повик ИПАРД бр. XX/XXXX“ како и мерката за која се поднесува барањето, да бидат доставени:- по препорачана пошта на адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој ул. „3-та Македонска бригада“ бр.20 зграда на Македонија Табак блок Ц 1000 Скопје, или лично на рака во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), на истата адреса.

Барањето за финансиска подршка кое не ја содржи потребната придружна документација во моментот на поднесувањето на барањето, Агенцијата ќе го одбие како некомплетно.

Во Упатството за корисници по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“, на страна 41 како прилог 5 се претставени прифатливите производни активности во сектор за производство на не-прехрамбени производи од мерка 7 на ИПАРД Програмата 2014-2020.  Во табелата претставена како Прилог 5 на Упатството за корисници по мерка 7 може да проверите дали вашата планирана инвестициска активност се совпаѓа со прифатливите производни активности од табелата кои се дефинирани согласно Националната класификација на дејности (НКД). По однос на вашето конкретно прашање, производство на вода за пиење (се мисли на  експлоатација, полнење и пакување) не се поддржува преку ИПАРД Програмата 2014-2020.

Доколку мислите за поддршка на инвестиции во рурално сместување (угостителски и сместувачки услуги) капацитети, Ве информираме дека преку мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“од ИПАРД Програмата 2014-2020 се поддржува ко-финанисрање на инвестиции за рурален туризам. Воедно во Упатството за корисници по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ детално се дефинирани сите критериуми за прифатливост на доставените проекти кои се однесуваат на инвестиции во рурален туризам.