Инфо караванот на ИПАРД 3 Програмата за Мерка 1 реализираше повеќе информативни средби

Дома » Инфо караванот на ИПАРД 3 Програмата за Мерка 1 реализираше повеќе информативни средби

Инфо караванот на ИПАРД 3 Програмата за Мерка 1 реализираше повеќе информативни средби

Инфо кампањата по повод објавениот јавен повик 01/2025 за мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3), продолжи на 24.02.2025 година со информативни средби во Тетово и Јегуновце.

Во вторник, 25.02.2025 информативни средби се одржаа во Свети Николе и Велес,

а во средата, 26.02.2025, инфо-караванот ги посети Карбинци и Штип

Последните два дена од работната недела беа искористени за остварување на информативни средби во Кавадарци и Тимјаник (27.02.2025)

и Прилеп и Кривогаштани (28.02.2025).

Претставниците на Телото за управување со ИПАРД (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство),  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството на остварените среби со заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.) информираа за можностите, условите и постапките за аплицирање на тековниот јавен повик со цел користење на средства од оваа  мерка од Програмата, наменета за примарното земјоделско производство.

Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.

Дополнителни информации околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:

  • Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mkили 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
  • Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати)
  • Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.
2025-02-28T17:19:52+00:0028 февруари 2025|