Земјоделскиот Гарантен фонд се зголемува, две банки и две штедилници се дел од него

Дома » Земјоделскиот Гарантен фонд се зголемува, две банки и две штедилници се дел од него

Земјоделскиот Гарантен фонд се зголемува, две банки и две штедилници се дел од него

петок, 14 октомври 2016,

Уште две банки, Комерцијална и Стопанска – Битола, како и две штедилници, Флум и Можности, се приклучија кон Гарантниот фонд за кредититирање во земјоделството.

133386825-13
 Преку Фондот кој почна да функционира кон крајот на 2015-та, во наредните десет години се очекува да бидат реализирани 26 милиони евра – за модернизација на земјоделското производство, подигнување нови насади, оранжерии, фарми, како и за набавка на механизација.
 
– Корисници на овој Фонд се земјоделците, бизнис операторите и корисниците на ИПАРД кои ќе побараат кредити за финансирање на инвестицијата од Комерцијална банка, Стопанска банка – Битола, Прокредит банка и штедилниците Флум и Можности. Потребно е да обезбедат 50 отсто од висината на бараната банкарска гаранција, додека останатите 50 проценти ќе бидат обезбедени од Фондот, истакна министерот Михаил Цветков.
 
Гарантниот фонд, додаде, може да го користат и преработувачките капацитети за градење дистрибутивни центри за овошје и зеленчук, млекарници, кланици, винарии, конзервната, месната и мелничката индустрија.
 
Осврнувајќи се на досегашниот бенефит од функционирањето на Фондот, министерот посочи неколку позитивни искуства со Прокредит банка, меѓу кои одобрените кредити за земјоделска механизација и за ИПАРД инвестиции. Цветков посочи и на проектот за изградба на краварска фарма, вреден 400.000 евра, во кој инвеститорот Блерим Каба, обезбеди кредит од 200.000 евра, а преку Фондот му се гарантирани 50 отсто од хипотеката.
 
Според директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн, Кредитниот гарантен договор, како вид трипартитно партнерство, е поттик и одлична можност земјоделците и преработувачите да аплицираат за ИПАРД Програмата и поддршката во руралниот развој.
 
– УСАИД и Владата ќе го поделат ризикот со финансиските институции и ќе гарантираат 50 отсто од вредноста на можните кредити. Петте финансиски институции кои се дел од овој Договор и кои покриваат различни сегменти на пазарот, се обврзаа, од сопстевн капитал, значително да го зголемат бројот на кредити за земјоделците и агробизнисите, напомена Стајн.
Сите заинтересирани за користење на Гарантниот фонд треба да се обратат директно до банките и штедилниците каде ќе се информираат за деталите околу подигањето кредити
2016-12-19T14:26:37+00:0018 октомври 2016|