Министерот Цветков во посета на пелагониско
Дата на објава: 5 Април 2015
При денешната посета на сточарите во Могила, ресорниот министер за земјоделство Михаил Цветков , покрај најавите за помош и повеќе мерки на Владата , потврди дека наскоро ќе се реализира целосно обештетување од поплавите.
Охрабрувачки вести за пелагониските фармери во најпогодените подрачја од поплавите во Пелагонија. При денешната посета на сточарите во Могила, ресорниот министер за земјоделство Михаил Цветков , покрај најавите за помош и повеќе мерки на Владата , потврди дека наскоро ќе се реализира целосно обештетување од поплавите.
-Штетите од поплавите во цела Македонија, стопроцентно ќе бидат исплатени, што мислам дека тоа е и наша обврска на Државата, да помогнеме на оној дел кој е и најзагрозен и каде што профитот е најмал- рече министерот за земјоделство Михаил Цветков.
Меѓутоа, Цветков најави и други мерки за сточарите со владините политики, а наскоро со промена на законот, заради зголемување бројот на краварски фарми, Владата ќе обезбеди средства за кофинансирање до 90 проценти на капиталните објекти.
-Планираме, Државата до 90% да ги кофинансира овие објекти. Во тој правец, ќе има повеќе извори на средства- рече Цветков.
Покрај напорите да целосно да се искористат средствата од ИПАРД- прогармата и од другите фондови како развојна можност за земјоделците, во наредните четири години, Владата годишно ќе одвојува по 150 милиони евра за субвенции, од кои педесет милиони ќе бидат наменети за рурален развој и отворање нови сточарски капацитети, рече министерот Цветков.
Министерот за земјоделство апелира до земјоделците да аплицираат за средства од ИПАРД програмата кои за погодените подрачја од поплавите ќе изнесуваат наместо 50, 75 % од вкупната средност на апликацијата.