Почитувани,
Ве известуваме дека Секторот за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Општините и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе ги презентира можностите и условите за користење на средстваста од новата ИПАРД Програмата 2014-2020 година за мерките :
- Инвестиции во физички средства на земјоделски стопанства
- Диверзификација на фармите и развој на бизнис
Презентациите ќе се одржата во следниве Општини :
- 30.03.2017 во 16.30 часот во Салата на Спомен дом АСНОМ Делчево
- 31.03.2017 во 18.30 часот во Салата на Советот на Општина Берово
- 31.03.2017 во 16.00 часот во Дом на Култура Пехчево
- 04.04.2017 во 15.00 часот во Салата на Советот на Општина Крива Паланка
- 06.04.2017 во 16.00 часот во Салата на Советот на Општина Маврово Ростуше
Би ни претставувало особено задоволство доколку Вие како потенцијални корисници учествувате на настаните.