Работилници со единиците на локална самоуправа за користење на ИПАРД мерката „Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“

Дома » Работилници со единиците на локална самоуправа за користење на ИПАРД мерката „Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“

Работилници со единиците на локална самоуправа за користење на ИПАРД мерката „Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“

 

Во првиот квартал на 2018 година, а во согласност со динамиката на планирани активности за акредитација на мерката „Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“ и соодветна подготовка на единиците на локална самоуправа за искористување на мерката, Телото за управување со ИПАРД во соработка со Центрите за развој на 8-те плански региони во Р.Македонија одржа состаноци со општинската администрација од сите единици на локална самоуправа кои се потенцијални корисници на средствата од ИПАРД наменети за мерката „Рурална јавна инфраструктура“. Во продолжение е распоредот на одржани состаноци со датум и место на одржување.

 

  Плански регион Датум на одржување Место/Општина
1. Североисточен плански регион 16.03.2018 Куманово
2. Вардарски плански регион 20.03.2018 Велес
3. Југоисточен плански регион 21.03.2018 Струмица
4. Скопски плански регион 23.03.2018 Скопје
5. Југозападен плански регион 28.03.2018 Струга
6. Источен плански регион 30.03.2018 Штип
7. Пелагониски плански регион 04.04.2018 Битола
8. Полошки плански регион   Џепчиште

 

Овие средби покрај основната размена на информации во однос на можностите кои се понудени со мерката имаа за цел и утврдување на потребите на единиците на локална самоуправа, нивните приоритети како и утврдување на општинските капацитети за спроведување на мерката. На одржаните состаноци присуствуваа и неколкумина од градоначалниците на општините кои дадоа свои видувања и забелешки на можностите за користење на ИПАРД средства.

Ipard_Info_2 (2)

2018-11-13T09:45:17+00:003 април 2018|