Субвенционирање на каматна стапка на физички и правни лица корисници на финансиски средства од инструментoт за претпристапна помош на Европската Унија во земјоделството и руралниот развој(ИПАРД)

Дома » Субвенционирање на каматна стапка на физички и правни лица корисници на финансиски средства од инструментoт за претпристапна помош на Европската Унија во земјоделството и руралниот развој(ИПАРД)

Субвенционирање на каматна стапка на физички и правни лица корисници на финансиски средства од инструментoт за претпристапна помош на Европската Унија во земјоделството и руралниот развој(ИПАРД)

Субвенционирање на каматна стапка на физички и правни лица корисници на финансиски средства од инструментoт за претпристапна помош на Европската Унија  во земјоделството и руралниот развој (ИПАРД)

Помошта е наменета за кредити кои имаат годишна каматна стапка во висина до 8% на годишно ниво, кои се исклучиво пласирани од банки и штедилници со дозвола за работа од Народната банка на Република Македонија за период до 10 години и тоа за инвестиции кои се финансирани од инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија  ИПАРД  и истите не се повисоки од 500.000 евра во денарска противвредностпо среден курс на Народната банка на Република Македонија утврден на денот на склучувањето на договорот за кредит.Помошта е во висина од 50% од висината на каматната стапка на годишно ниво. Висината на помошта може да биде и повисока од 50% во согласност со членот 94 став (2) од Законот за земјоделство и рурален развој.

Крајниот рок за доставување на барањата е 25.12.2016 година.

Подетални информации можат да се добијат  на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса:  e-baranje@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk. Контакт: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Сектор за одобрување на проекти Телефон 02 3097 – 460, секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот

ЈАВЕН ПОВИК бр.10/2016 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година- субвенционирање на каматни стапки

2016-12-05T15:12:41+00:005 декември 2016|