Цветков: Со владините мерки ќе се зголемува производството на млеко и млечни производи

Дома » Цветков: Со владините мерки ќе се зголемува производството на млеко и млечни производи

Цветков: Со владините мерки ќе се зголемува производството на млеко и млечни производи

Цветков: Со владините мерки ќе се зголемува производството на млеко и млечни производи
Дата на објава: 14 Јули 2016
Farma 2
farma3-(1)

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, денеска направи увид во изградбата на краварската фарма во близина на Струга. Фармата е на површина од 1.000 метри квадратни, во неа ќе бидат сместени 35 молзни крави, а инвестицијата во вредност од 400 илјади евра е на стружанецот Беким Каба.

Министерот Цветков посочи дека проектот се реализира со средства од ИПАРД програмата, а помош ќе добие и од државата со покривање на половина од хипотеката и каматата.

– Инвестицијата од 400.000 евра оди преку ИПАРД програмата, со што половина од средствата ќе му бидат вратени на инвеститорот. За изградба на фармата инвеститорот има земено кредит од 200.000 евра, а преку нашиот гарантен фонд 50 проценти од хипотеката за овие 200.000 евра ние ги обезбедивме и секако каматата половина ние ќе му ја субвенционираме, појасни Цветков.

Република Македонија, како што информира министерот Цветков, од сопствено производство има 70 проценти млеко, а остатокот го обебедува преку увоз за што се трошат околу 12 милиони евра.

– Со преземање на овие мерки се надевам дека за неколку години ќе успееме целосно да обезбедуваме млеко за потребите на Република Македонија. Располагаме со околу 250.000 грла говеда од кои 120.000 се молзни крави со просечно годишно производство по 3.000 литри млеко по крава, истакна ресорниот министер, нагласувајќи дека со искористување на владините мерки производството на млеко и млечни производи ќе се зголемува и ќе се реши проблемот со млекото.

Според него, основен проблем на сточарството, односно млеко производството во Македонија се ситните фармерски стопанства. Најголем дел од сточарите имаат по пет крави, но од идната година државата ќе субвенционира 90 проценти од инвестицијата за оние што ќе поминат од пет на 10 крави, а корисници може да бидат земјоделците кои најмалку три години ги имаат регистрирано петте крави.

– Од идната година подготвуваме нови мерки и се надеваме дека краварството во Македонија ќе заживе, изјави Цветков.

Краварската фарма, според сопственикот Беким Каба, се очекува да биде готова до крајот на октомври. Одлуката да се занимава со краварство дошла поради поволностите на Владата и Агенцијата за поддршка во земјоделството и рурален развој.

– Благодарност до Владата и Агенцијата за можноста за кофинансирање. Прв пат се занимаваме со краварство во поголем размер порано се занимававме со земјоделство. Фармата ќе биде по сите ЕУ стандарди и се надеваме дека до крајот на октомври ќе биде завршена, рече Каба.

Министерот Цветков, денеска го посети и мрестилиштето „Шум“, за кое најави тендер за реконструкција.

– Мрестилиштето е доста старо и има проблем со чиста и свежа вода и од тие причини оваа година не добија концесија за порибување на Охридското Езеро со пастрмка. Ќе распишеме тендер за изготвување проект за реконструкција на мрестилиштето „Шум“ и негово снабдување со чиста изворска вода, информира Цветков.

Со реализација на овој проект, изрази надеж дека за идната година ќе одобрат средства од програмата за рибарство и аква култура со што ќе се реши и овој проблем

 

2016-08-11T11:54:55+00:0011 август 2016|