Почитувани ,
Добродојдовте на порталот на Секторот за управување со претпристапната помош на ЕУ за руралниот развој ИПАРД
Што е ИПАРД?
Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД II Програмата (2014– 2020) за Република Македонија претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој со фокус на имплементација на законодавството на Европската Заедница во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници и разновидна и одржлива рурална животната средина.
Подготовки на Програмата за користење на средствата од инструментот за претпристапна помош за рурален развој на европската унија (ИПАРД) за периодот 2014-2020
Процесот на подготовка на ИПАРД II Програмата2014-2020 беше спроведен во надлежност на Секторот за управување со претпристапната помош на ЕУ за руралниот развој ИПАРД, во соработка со ИПАРД Агенцијата и во постојана консултација со сите релевантни заинтересирани страни (државни, регионални,локални и други јавни органи, економските и социјалните партнери и сите други соодветни тела кои го претставуваат граѓанското општество, невладините организации, вклучувајќи ги и еколошките организации, претставници на малцинските групи, заинтересирани страни и тела одговорни за промовирање на еднаквоста помеѓу мажите и жените)
Мерки составен дел од ИПАРД II Програмата 2014-2020
Во ИПАРД II Програмата 2014-2020 се предвидени следниве 5 Мерки и тоа:
- Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства
- Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи
- Диверзификација на фарма и развој на бизнисот
- Техничка помош
- Инвестиции во руралната јавна инфраструктура
Се надевам дека на нашиот портал ќе најдете корисни податоци и добиете одговор на сите Ваши прашања.
Со почит,
Секторот за управување со претпристапната помош на ЕУ за руралниот развој ИПАРД