Период: 03-14.март 2025 година
Во текот на првите две недели од март 2025 година,11 македонски медиуми 17 пати објавија вести со кои ја поддржаа кампањата „Инфо денови“, редовно известувајќи за распоредот на средбите, во кој градови, во колку часот и на која локација (најчесто општинските сали за состаноци). Вестите го промовираа објавениот јавен повик за 2025 година од ИПАРД 3 (Програма 2021-2027 година), информирајќи ја јавноста кој документи се потребни за аплицирање, кој има право да аплицира и кој се можностите од овој јавен повик, со цел да се искористат предвидените 7,4 милиони евра за инвестиции во основни средства за земјоделско производство, предвидени со мерка 1 од ИПАРД 3.
Зелена берза, Нова Македонија, МИА, Бриф, Прес 24, Курир, Скопје инфо, Слободен печат, Канал 5, Нет прес и Вечер ја споделија веста, а исто така информациите беа објавени и на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнаство, Платежната агенција, АПРЗ и Телото за управување со ИПАРД.
- Порталот Зелена Берза, напиша: „Купете трактор HANWO 504Е преку ИПАРД III програмата“ со поднаслов „Цената на тракторот е со вклучена кабина со клима“. Понатаму во текстот се објаснети карактеристиките на тракторот: Трактор HANWO 504Е ЕУРО 5, Погодни за аплицирање за ИПАРД III програмата, за повикот кој е во тек. Трактор со висока моќност, дизајниран е да работи на средни и големи култури и фарми…
***Веста е достапна на следниов линк: https://zelenaberza.com.mk/kupete-traktor-hanwo-504e-preku-ipard-iii-programata/
- Медиумите ја споделуваа информацијата за распоредот на средби низ Македонија во рамките на капмањата „ИНФО денови“. Некои медиуми редовно информираа уште колку дена има до истекот на рокот: „Уште 17 дена за аплицирање на ИПАРД јавен повик 01/2025 за Мерка 1“- Бриф. Во објавата на Бриф наведени се детално условите од јавниот повик 01/2025, со напомена дека рокот истекува на 29.03.2025 година.
***Веста е достапна на следниов линк: https://www.brif.mk/ushte-17-dena-za-apliciranje-na-ipard-javen-povik-01-2025-za-merka-1/
- До сите медиуми беше испратено соопштение за успешно завршена кампања, во кое беа наведени сите 29 локации кои ги посети ИПАРД инфо карванот. Канал 5 напиша: Tимовите од Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АПРЗЗ) и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) посетиле 29 локации: Новаци, Могила, Тетово, Јегуновце, Свети Николе, Велес, Карбинци, Штип, Кавадарци,Тимјаник, Прилеп, Кривогаштани, Босилово, Василево, Конче, Радовиш, Берово, Виница, Неготино (општина Врапчиште), Гостивар, Кочани, Облешево, Велешта, Мислешево, Демир Хисар, Кравари, Куманово, Липково и Петровец. Тоа се региони кои имаат развиено децениско земјоделско производство и токму затоа беа посетени од нашите тимови, со цел на сите кои планираат да аплицираат на јавниот повик за мерка 1, да им се објаснат условите и постапката за аплицирање. Се одговорија сите поставени прашања, се што не им беше јасно на идните апликанти беше детално објаснето, сите беа повикани слободно да ги контактираат колегите од АПРЗ за да добијат бесплатна помош за изработка на апликациите. Со ваквата поддршка им овозможуваме на идните апликанти да имаат добро подготвени апликации, а со тоа и успешноста на јавниот повик е загарантирана…
***Веста е достапна на следнивe линкoви:
https://www.slobodenpecat.mk/deneska-zavrshuva-informativniot-ipard-karavan-organiziran-od-mzshv/