Период: 3-15.февруари 2025 година
Во текот на втората недела од февруари 2025 година, 8 македонски медиуми 16 пати објавија вести поврзани со првиот јавен повик за 2025 година од ИПАРД 3 Програма 2021-2027 година. Медиумите ја споделуваа веста за Мерка 1 и јавниот повик кој предвидува 7,4 милиони евра за инвестиции во основни средства за земјоделско производство. Бриф, Курир, Мак прес, Нова Македонија, Зелена Берза, Банко метар, Нет прес и Економски мк, ја споделија веста, а исто така информацијата беше објавена и на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнаство и Платежната агенција.
- Сите медиуми детално ги објаснија условите предвидени во повикот, а како најдобро објаснување ја издвојуваме објавата на порталот Бриф кој излезе со следниов наслов: ИПАРД Мерка 1: Набавете нова опрема за преработка, складирање, виљушкари… Понатаму во текстот пишува: „Новиот јавен повик бр. 01/2025 од ИПАРД III програмата за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ претставува одлична можност за модернизирање на опремата со која располагаат земјоделските стопанства. Листата на прифатливи инвестиции во набавка на нова механизација, опрема и машини е голема, а во продолжение ќе се задржиме на прифатливите трошоци поврзани со постбербени активности, преработка на фарма и директен маркетинг на сопственото производство…“
***Веста е достапна на следниов линк: https://www.brif.mk/ipard-merka-1-nabavete-nova-oprema-za-prerabotka-skladiranje-viljushkari/
- Исто така впечатлив наслов имаше и порталот Зелена Берза кој напиша: Набавете нов трактор преку ИПАРД III Програмата-Еден корисник може да набави еден трактор – прифатливи се набавки на трактори кои исполнуваат ЕУ стандарди.
Понатаму во текстот пишува: „Набавка на земјоделска механизација – трактор треба да биде во согласност со параметрите наведени во табелата “Максимална прифатлива моќност на трактори“, односно моќта на предложниот трактор за набавка да соодветствува со регистрираните производствени капацитети на земјоделското стопанство“.
***Веста е достапна на следниов линк: https://zelenaberza.com.mk/nabavete-nov-traktor-preku-ipard-programata-2021-2027/
- Најстариот дневен весник „Нова Македонија“ објави вест со наслов: „Исчекор кон унапредување на земјоделското производство“. Понатаму во текстот беше цитирана изјавата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој за време на прославувањето на македонскиот празник Сети Трифун ја информираше јавноста дека е објавен јавен повик: „Министерот подвлече дека е објавен и новиот ИПАРД-повик, кој ќе трае до 29 март. Од понеделник со Платежната Агенција и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе почнеме промоција на мерката, потсетувајќи ги руралните општини, при што и ќе ги презентираме потребните информации. За секој што нема да успее да присуствува ќе се обидеме на максимално располагање да бидат и нашите подрачни единици. Интенцијата е максимално искористување на расположливите над седум милиони евра – потенцира министерот Трипуновски.
***Веста е достапна на следниов линк:
https://novamakedonija.com.mk/ekonomija/ischekor-kon-unapreduvanje-na-zemjodelskoto-proizvodstvo/
Во продолжени се линковите од сите објави на порталите во МК за период од 3-15 февруари 2025 година:
https://www.vesti.mk/article/67a31be6597ba52cd59ca3bc
https://www.brif.mk/ipard-merka-1-2025/
https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=617245
https://www.brif.mk/ipard-merka-1-povik-01-2025/
https://zelenaberza.com.mk/prochitaj-74-milioni-evra-za-investiczii-vo-zemjodelsko-proizvodstvo/
https://zelenaberza.com.mk/site-detali-za-javniot-povik-od-ipard-iii-programata/
https://zelenaberza.com.mk/nabavete-nov-traktor-preku-ipard-programata-2021-2027/
https://www.brif.mk/ipard-merka-1-nabavete-nova-oprema-za-prerabotka-skladiranje-viljushkari/
https://www.bankometar.mk/ipard-merka-1-lista-na-planinski-podrach-a/
https://novamakedonija.com.mk/ekonomija/ischekor-kon-unapreduvanje-na-zemjodelskoto-proizvodstvo/
https://zelenaberza.com.mk/nabavete-nov-traktor-preku-ipard-iii-programata/
Период: 17-23.февруари 2025 година
Во текот на третата недела од февруари 2025 година, 15 македонски медиуми 21 пати објавија вести поврзани со првиот јавен повик за 2025 година од ИПАРД 3 Програма 2021-2027 година. Медиумите ја споделуваа веста за Мерка 1 и јавниот повик кој предвидува 7,4 милиони евра за инвестиции во основни средства за земјоделско производство. Беа споделувани инфомации за потребните документи за апликантите на јавниот повик, а најголемо медиумско влијаније имаше споделувањето на информацијата за почетокот на кампањата „Инфо денови“.
Курир, Мак прес, Зелена Берза, Банко метар, Нет прес, Макфакс, Точка, Инфо, МИА, Бизнис инфо, МТВ, 24 Вести, Бизнис вести, Независен и Слободен печат, ја споделија веста, а исто така информациите беа објавени и на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнаство, Платежната агенција и Телото за управување со ИПАРД.
- Зелена Берза ја сподели информацијата за потребните документи за Мерка 1 од првиот јавен повик за 2025 година, со следниов наслов: ПРОЧИТАЈ! Листа на потребни документи за ИПАРД III -ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2025 Во продолжение на текстот стои: Документите на земјоделците треба да се оригинал или копија заверена на нотар. Долунаведените документи кои се доставуваат во прилог на барањето за финансиска поддршка од мерка 1 Инвестиции во основни средства на земјодлските стопанства треба да се оригинал или копија заверена на нотар, доколку не е поинаку определено покрај самиот документ. Доколку документацијата е на друг јазик истата треба да биде придружена со превод на македонски јазик заверен од овластен преведувач. Документите кои што се издаваат врз основа на јавните книги или востановен систем на евиденција не треба да бидат постари од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик, со исклучок на документите кои го потврдуваат исполнувањето на обврските за платени даноци и придонеси кој не треба да биде постар од еден месец сметано од денот на објавување на јавниот повик.
***Веста е достапна на следниов линк: https://zelenaberza.com.mk/prochitaj-lista-na-potrebni-dokumenti-za-ipard-iii-javen-povik-br-01-2025/
- Сите медиуми масовно ја споделуваа информацијата за почеток на капмањата „ИНФО денови“. „Нет прес“ ја објави веста со следниов наслов: „Почнува кампањата за информирање на граѓаните за Јавниот повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката 1“. Во продолжение на текстот стои: Во рамки на кампањата, а по повод последниот објавен повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3) за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, ќе се одржат инфо-денови во повеќе градови, села и населени места, каде што заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги, задружни правни лица итн.) ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа програма.
***Веста е достапна на следниов линк: https://netpress.com.mk/2025/02/18/pochnuva-kampa-ata-za-informira-e-na-gra-anite-za-avniot-povik-od-ipard-programata-2021-2027-za-merkata-1/
- Македонската информативна агенција (МИА), ја објави веста за почеток на кампањата со следниов наслов: „АПРЗ со директни инфо средби со пелагониските земјоделци за програмата ИПАРД“. Во продолжение на објавата стои дел од изјавата на директорот на АПРЗ: „Информативната кампања е со цел да им се овозможи запознавање на земјоделците за тековниот јавен повик од програмата ИПАРД, мерка-1, истакна Пеце Стојковски, директор на АПРЗ. Со овој повик сакаме да се зголеми конкурентноста на нaшето земјоделство и да се постигнат стандардите на Европската унија. На овие информативни средби земјоделците ги запознаваме со можноста за финансирање, колкава е можноста за поврат на средства од вкупната инвестиција што ја оствариле, и притоа земјоделците може да добијат поврат на средства до 75 проценти во зависност од тоа дали се млади земјоделци или инвестираат во планински подрачја, каде повратот на средства е 60 насто, посочи Стојковски“.
***Веста е достапна на следниов линк:
https://mia.mk/index.php/story
- Исто така впечатлив наслов имаше и објавата на Македонската телевизија (МТВ) кој гласи: Земјоделците бараат поголема контрола на цените на земјоделска механизација. Во продолжение на текстот е наведено дека: Во тек е јавниот повик од ИПАРД 3 програмата-мерка 1, со која земјоделците ќе имаат можност да добијат финансиски помош до 75% за набавка на основни средства како и земјоделска механизација. Земјоделците велат секоја помош е добредојдена, но средствата не можат да ги искористат во целост, дел од средствата им одат за камата на кредитите. Бараат нов модалитет за плаќање како и поголема контрола на цените на земјоделска механизација, за која како што велат пред објавување на секоја ИПАРД програма, цените преку ноќ растат …“. Во ист контекст имаше и објава од страна на Слободен Печат: Тракторите и комбајните поскапуваат пред секој повик од ИПАРД, тврдат земјоделците.
***Веста е достапна на следниве два линка:
https://mrt.com.mk/node/124466
Во продолжени се линковите од сите објави на порталите во МК за период од 17-23 февруари 2025 година:
https://makfax.com.mk/ekonomija/
https://www.bankometar.mk/nov-aven-povik-od-ipard-3-2/
https://mrt.com.mk/node/124425
https://mrt.com.mk/node/124466
Период: 24-28.февруари 2025 година
Во текот на последната недела од февруари 2025 година, 4 македонски медиуми 4 пати објавија вести со кои ја поддржаа кампањата „Инфо денови“, редовно известувајќи за распоредот на средбите, во кој градови, во колку часот и на која локација (најчесто општинските сали за состаноци). Вестите го промовираа објавениот јавен повик за 2025 година од ИПАРД 3 (Програма 2021-2027 година), информирајќи ја јавноста кој документи се потребни за аплицирање, кој има право да аплицира и кој се можностите од овој јавен повик, со цел да се искористат предвидените 7,4 милиони евра за инвестиции во основни средства за земјоделско производство, предвидени со мерка 1 од ИПАРД 3.
Зелена берза,Нова Македонија, МИА и Бриф и ја споделија веста, а исто така информациите беа објавени и на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнаство, Платежната агенција, АПРЗ и Телото за управување со ИПАРД.
- Најстариот дневен весник Нова Македонија, напиша: „Исчекор кон зголемување на конкурентноста на македонското земјоделство“ со поднаслов „Програмата ИПАРД го става производството на домашна храна во фокусот“. Во продолежение на тесктот стои следново: Во тек е јавниот повик од програмата ИПАРД-мерка 1, со која земјоделците ќе имаат можност да добијат финансиска помош до 75 проценти за набавка на основни средства, како и земјоделска механизација. Целта на повикот е да се зголеми конкурентноста на македонското земјоделство за да се постигнат стандардите на ЕУ од тој домен. Со програмата ИПАРД-мерка 1, земјоделците имаат можност да инвестираат во материјали за основни средства за земјоделски стопанства, да набават земјоделска механизација и помошна земјоделска опрема, како и опрема за добивање енергија од обновливи извори за сопствено производство.
***Веста е достапна на следниов линк: https://novamakedonija.com.mk/ekonomija/ischekor-kon-zgolemuvanje-na-konkurentnosta-na-makedonskoto-zemjodelstvo/
- Медиумите ја споделуваа информацијата за распоредот на средби низ Македонија во рамките на капмањата „ИНФО денови“. Зелена Берза напиша: „Во Тетово и Јегуновце -денес инфо средби за јавниот повик од ИПАРД програмата“. Се повикуваат заинтересирани земјоделци да дојдат на средбите, да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на Мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.
***Веста е достапна на следниов линк: https://zelenaberza.com.mk/vo-tetovo-i-jegunocze-denes-info-sredbi-za-javniot-povik-od-ipard-programata/
- Македонската информативна агенција (МИА), извести за одржаната средба во Карбинци: „Во Карбинци информативна средба за Програмата ИПАРД“. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов истакна дека ова е особено важно за земјоделците од општината кои сакаат да инвестираат и развиваат своето земјоделско производство: „Важно е дека информацијата треба да стигне до сите они кои што ќе бидат потенцијални учесници“…
***Веста е достапна на следниов линк: https://mia.mk/en/story/
- Еден од најчитаните портали во Македонија – Бриф, објави вест со наслов: „Нов трактор и механизација со 70% неповратен грант од ИПАРД: Аплицирајте до 29 март 2025“. Текстот продолжува со детални објаснувања за Јавниот повик бр. 01/2025 од ИПАРД III програмата за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ а исто така е наведено дека се овозможува кофинансирање до 70% од вкупно прифатливите трошоци за набавка на нов трактор, приклучна механизација, опрема за подготвителни активности при обработка на земја, наводнување, одводнување, опрема за берба, контрола и заштита.
***Веста е достапна на следниов линк: https://www.brif.mk/ipard-01-2025-traktori-mehanizacija/