Период: 01-30. ноември 2025 година
Ноември го обележа потенцијалниот корупциски скандал за ИПАРД Програмата во Македонија, привременото стопирање на сите исплати и назначувањето на нов директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Објавените информации во медиумите, на тема ИПАРД, достигнаа врв со над 280 споделени вести во речиси сите медиуми во државата.
- На почетокот на ноември, беа приведени пет лица осомничени за корупција и примање поткуп за ИПАРД договор.
Меѓу приведените е и директорот на Платежната агенција, Илија Стоилев. Директорот и тројца други осомничени добија триесетдневен притвор, а на едно лице му беше одреден куќен притвор.
Веста за потенцијалниот скандал брзо беше раширена во сите медиуми. Најчесто споделуван текст е цитатот од соопштението на Министерството за внтарешни работи:
„Првоосомничен е тој што понудил мито. Како управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го поттикнале директорот на агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок во износ од 50.000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени“.
***Веста е достапна на следниве линкови:
https://antropol.mk/2025/11/07/lev-sluc-stoil-ja-otrki-korupc-vo-zemj-preku-ipard-progr/
https://civilmedia.mk/pritvor-za-chetiri-litsa-osomnicheni-za-potkup-vo-vrska-so-ipard-programata/
https://nezavisen.mk/i-podmituvachot-i-podmiteniot-30-dena-vo-pritvor-za-ipard-programata/
- Националниот координатор за авторизација донесе одлука за суспендирање на сите плаќања во рамките на ИПАРД 3. Одлуката стапи на сила веднаш и ќе трае сè додека не се исполнат одредени услови и акциски планови.
Европската делегација во Скопје ја поздрави одлуката на националните институции да ги суспендираат сите исплати од ИПАРД 3 програмата сè додека не се разјаснат околностите околу истрагата во Платежната агенција. Истовремено, од таму порачаа дека целта е да се заштитат финансиските интереси на Европската Унија.
Веста ја споделија бројни македонски медиуми.
Порталот 24 Инфо.мк објави текст со наслов „ЕУ ги стопира исплатите од 128 милиони евра за ИПАРД 3 програмата“. Во текстото е цитиран одговорот од Европската Делегација во Mакедонија: „Европската комисија е запознаена со медиумските информации за истрагата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, која го опфаќа директорот на агенцијата одговорна за ИПАРД програмата. Комисијата побара дополнителни информации од националните институции и ја задржува можноста да преземе превентивни мерки за заштита на финансиските интереси на ЕУ. Ја поздравуваме одлуката на националните институции да ги суспендираат сите исплати од ИПАРД 3 додека не се разјаснат околностите“, стои во одговорот од ЕУ Делегацијата.
Информацијата беше објавена повеќе од 200 пати во околу 50 македонски медиуми.
***Веста е достапна на следниве линкови:
https://24info.mk/eu-gi-stopira-isplatite-od-128-milioni-evra-za-ipard-3-programata/
https://nezavisen.mk/brisel-kje-gi-shtiti-evropskite-pari-vo-makedonskoto-zemjodelstvo/
https://24info.mk/eu-gi-stopira-isplatite-od-128-milioni-evra-za-ipard-3-programata/
https://www.vecer.press/prekinata-isplatata-na-sredstvata-od-ipard-programata/
- Работењето на Платежната агенција повторно вратено во нормала. На владина седница е именуван нов директор на АФПЗРР.
Назначена е нова директорка на Платежната агенција, Даниела Лазарова Иротова, поранешен државен секретар и државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Таа ќе ги продолжи тековните процеси во Агенцијата за да нема загриженост кај земјоделците кои чекаат исплата на субвенции. Со нејзиното назначување, исплатата на субвенциите ќе продолжи тековно.
***Веста е достапна на следниве линкови:
https://libertas.mk/naznachena-nova-direktorka-na-platezhnata-agenci-a-na-mestoto-na-stoilev /
https://24info.mk/imenuvana-nova-direktorka-na-platezhnata-agenczija-na-mestoto-na-stoilev/